54654

Австралија Опен на Еуроспорт заедно со тенис - легендите

 

Сите терени, мечеви и анализи на ЕуроСпорт

 

Еуроспорт како водечка спортска дестинација во 2017. година, ќе ги пренесува сите четири Гренд Слем турнири. Преку Еуроспорт каналите и Eurosport Player, гледачите ќе можат да уживаат во повеќе од 100 часа од најдобриот светски тенис и пренос на сите мечеви од било кој терен.

 

Australiaeurospo3

 

Прв на распоред е Австралија Опен кој трае од 16. до 29. јануари. Експрертите Метс Виландер, Барбара Шет, Алекс Коретја и Патрик Муратоглу, со гледачите ќе ги споделат своите анализи за играта на тенисерите во Мелбурн, а ќе продолжат истото да го прават за сите Гренд Слем турнири. Со Австралија Опен се враќа и легендарниот Џон Макенро како самоименуван „комесар за тенис“.

Метс Виландер изјави: „За нас, сè што правиме во Еуропорт, навивачите и гледачите се на прво место. Затоа во 2017. преносот на сите четири Гренд Слем турнири ги подигаме на повисоко ниво. По сјајната 2016. во која Енди Мареј и Анџелик Кербер завршија како први, нè очекува уште повозбудлива година. навивачите на Ѓоковикќ, Вавринка и Серена Вилијамс со нетрпение чекаат да ги видат своите јунаци на дело, а Еуроспорт ќе го следи секој нивен чекор во Мелбурн, Париз, Вимблдон и Њујорк. Големините пак на Рафа Надал и Роџер Федерер уште не сме ги споменале.“

 

Australiaeurospo1

 

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, по втор пат ќе настапи на еден Гранд Слем турнир, по оној од минатата година на УС Опен.

 

Со преносот на мечевите не очекува и сјајна програма и анализи:

- Game, Set & Mats, заедно со Метс Виландер и Барбара Шет е главна тениска емисија која ќе се емитува секоја вечер и за време на траење на турнирот. Метс и Барбара во 30 минути ќе ги анализираат одиграните мечеви и случувања и ќе најавуваат што следно не смеете да испуштите.

 

Australiaeurospo2

 

-The Coach , прилог во кој Патрик Муратоглу (тренерот на Серена Вилијамс) со статистички податоци и виртуелни прикази ќе ја анализира играта и стратегијата на тенисерите. Ќе се емитува секоја вечер во склоп на емисијата Game, Set & Mats и на социјалните мрежи на Еуроспорт.

-Џон Макенро се враќа во емисијата „Комесар на тенисот“. Во текот на Австралија Опен, Џон ќе спреми 8 епизоди во кои во свој стил нема да поштеди никој, како на теренот, така и надвор од него. Сите 8 епизоди ќе бидат прикажени во склоп на емисијата Game, Set & Mats и на социјалните мрежи на Еуроспорт.

 

Australiaeurospo4

 

2017 Гранд Слем календар

Australian Open, Мелбурн- Австралија 16 - 29. 01.2017

Roland Garros, Париз-Франција 28.05 - 11. 06 2017

Wimbledon, Лондон- Обединетото кралство 03 -16.07 2017

US Open, Њујорк- САД 28.08 – 10.09 2017

 

Дани | ТВ Пакет

DNK 300x250

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012