54654

Еуроспорт со пренос на првенството на светските скијачки ѕвезди

 

Светското првенство во алпско скијање е најсјајниот настан на зимската сезона, а Еуроспорт натпреварите од Сент Мориц ќе ги пренесува во живо на сите платформи од 7 до 19 февруари 2017 година.

 

Alpskosent20172

 

Светското првенство во алпско скијање е најсјајниот настан на зимската сезона, а Еуроспорт натпреварите од Сент Мориц ги пренесува во живо на сите платформи од 7 до 19 февруари 2017 година.

Гледачите ќе можат да ги проследат сите настани на стазата и надвор од неа, во 40 часа пренос во живо и дневниот избор на најдобри моменти во емисијата Winter Sports Extra во текот на сите 13 дена на ФИС Светското првенство во алпско скијање.

 

Alpskosent20171

 

Сент Мориц по петти пат е домаќин на првенството, со стази кои гарантираат максимална возбуда за сите љубители на скијањето. Легендарниот „слободен пад“ на стартот на спустит во машка категорија секако е врвот на возбудата, бидејќи скијачите под агол од 45 ̊ достигнуваат брзина до 140 км/ч за 6 секунди. За женското натпреварување, стартот „Британиа“ исто така овозможува големо забрзување за неколку секунди.

Еуроспорт во својот тим на експерти кои го следат натпреварувањето ја додаде и легендарната словенска скијачка Тина Мазе, која има освоено две олимписки злата, 4 победи во Сент Мориц, а сега ја презема улогата на „тренер“ (The Coach) во склопот на емисијата Winter Spors Extra, преку која на навивачите ќе им се овозможи сосема нов поглед на акцијата која се случува на стазите.

 

Alpskosent20173

 

До Олимписките игри во Пјонгјанг останува уште една година. Гледачите на првенството во Сент Мориц ќе може да уживаат во настапите на скијачките легенди како Марсел Хиршер и Линдзи Вон бидејки стратегијата на Еуроспорт е да го следи патот на олимписките спортисти преку текот на цела година. Еуроспорт во сезоната 2016/17 ќе емитира преку 800 часа пренос во живо, снимки и избрани најдобри моменти од зимските спортови.

Тина Мазе во текот на преносот на Светското првенство во Сент Мориц во 2017 изјави: „ Се радувам што ќе ги гледаме настапите на најдобрите скијачи во светот. Сент Мориц е посебно место за сите скијачи и во исто време гарантира возбудливи натпревари за гледачите. За разлика од Светскиот куп, натпреварувачите овде знаат дека имаат замо една шанса да ги направат работите како што треба и да освојат медал. Сите ќе дадат сѐ од себе, а тоа гарантира сјајно скијање.“

 

Alpskosent20174

 

„Возбудена сум дека ќе го анализирам скијањето на светските ѕвезди, ќе ги гледам како се подготвуваат за трките и како го одработуваат секое возење. Во Сент Мориц бев успешна и е едно од моите омилени места за натпреварување. Знам што е потребно за победа и затоа на гледачите ќе им пружам информации поткрепени со сопственото искуство. Ова ќе биде сјаен наста со одлична атмосфера и едвај чекам акцијата да започне.“

Преносот на ФИС Светското првенство 2017 во алпско скијање започна со женската супер –Г трка во вторник, 7 февруари на Еуроспорт 1 и Eurosport Player.

 

Дани | ТВ Пакет

DM AL 300x250

Ceca Pomal

Casot Na

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012