54654

Освојувачите на Гранд Слем ќе го збогатат преносот на Ролан Гарос

 

Од 28 мај со пренос во живо - Ролан Гарос на ЕуроСпорт

 

Оваа сезона ја обележи враќањето на легендарните тенисери и тенисерки во елитната конкуренција. Втор Гранд Слем турнир и ново мерење на силите- Ролан Гарос започнува од 28 мај со пренос во живо на Eurosport.

 

Gamesetmets1

 

Во текот на двеtе недели од турнирот, гледачите на Eurosport ќе може да уживаат во настапите на најдобрите тенисери и тенисерки. Од македонските претставници, во Париз ќе ја видиме и Лина Ѓорческа во квалификацискиот дел. Eurosport ги пренесува сите 4 Гранд Слем турнири и го прикажува секој потез од секој меч, а од Париз ќе пренесува вкупно 250 часа програма во живо во телевизискиот пренос и на Eurosport Player.

Eurosport ги собира врвните експерти заедно со преносите од спортските случувања. Во ваков важен пренос, екипата која учествува во создавањето на програмата за Ролан Гарос* во Париз и на меѓународните пазар, може да се пофали со освоени 80 Гранд Слем турнири.

 

Gamesetmets2

 

Mats Wilander, кој турнирот го има освоено три пати, заедно со Barbara Schett, на телевизиските екрани ќе ги гледаме во дневниот магазин Game, Set, Mats. Составен дел од емисијата, заедно со интервјуата од најважните актери на Ролан Гарос, е и прилогот The Coach во кој Patrick Mouratoglu ги анализира потезите на најдобрите играчи во Париз.

Се враќа и John McEnroe, кој може да го сакате или мразите, но никако не можете да ја игнорирате урнебесната серија The Commissioner of Tennis. Џон ќе понуди поинаков преглед на случувањата во тенисот преку 8 епизоди кои ќе се емитуваат во склоп на емисијата Game, Set, Mats и на социјалните мрежи и дигиталните платформи. Дел од тимот на Eurosport ќе биде и Chris Evert, која во текот на својата блескава тениска кариера има освоено дури 18 Гранд Слем турнири.

 

Gamesetmets3

 

Низ Европа тениските експерти ќе соработуваат и со коментаторите на Eurosport. Eurosport Германија продолжува со наградуваната тениска програма и соработката со Boris Becker, а харизматичните Henri Leconte и Marion Bartoli се дел од тимот на Eurosport Франција. Mary Pierce, Pat Cash и Jo Durie ќе ја збогатат програмата во Обединетото Кралство, а Anna Chakvetadze го предводи преносот на Eurosport во Русија. Jonas Bjorkman, кој во парови го има освоено дури 9 Гранд Слем турнири, заедно со Thomas Enqvist ќе учествуваат во преносот за Eurosport Шведска. Alex Corretja и Conchita Martinez ќе го збогатат преносот на Ролан Гарос за Eurosport Шпанија.

Mats Wilander изјави: „Ролан Гарос има посебно место во моето срце и затоа сум посебно среќен што сум дел од тимот на Eurosport, кој верувам дека уште еднаш прекрасно ќе го пренесе овој фантастичен турнир. Фановите на тенисот низ Европа, одлично реагираат на преносот на тенис, што се потврдува и со бројките од гледаноста.“

„Eurosport не се плаши за воведе иновации, како прилозите The Coach или серијалот The Commissioner of Tennis, кои претставуваат два различни концепти кои публиката одлично ги прифати. Кога сето тоа ќе го споите со стручниот тим кој Eurosport го има на Ролан Гарос, имате добитна комбинација.“ 

 

Gamesetmets4

 

Eurosport ќе го следи Ролан Гарос многу подолго од двете недели кога трае првокласната акција.

Гледачите заедно со Рафаел Надал, владетелот на земјените терени кој тргнува по десеттата титула во Париз, ќе може да го следат и квалификацискиот турнир. Еуроспорт ќе ги пренесува сите тениски настапи, од секој агол, кои му претходат на главниот турнир и во текот на самиот Ролан Гарос.

Додека возбудувањето пред турнирот расте, Barbara Schett на Eurosport ќе ги води гледачите со серијата Get Ready. Се работи за дневен магазин кој ги носи најновите вести и јавувања од живо во Париз директно со подготовките за другите Гранд Слем сезони. Eurosport ќе оддаде признание и на сјајните играчи кои со својата игра оставија белег во тенисот. Во петонеделната серија Downtime, Mats Wilander ќе ги угости легендите како Boris Becker, Gustav Kuerten, Andrea Agassi i Yannick Noah, кои со гледачите ќе ги споделат своите искуства од Ролан Гарос и посебноста на овој врвен турнир.

 

Gamesetmets5

 

Eurosport ќе ја пренесува и ждрепката за главниот турнир во петок, 26 мај на пладне.

Eurosport во јануари оваа година, во текот на финалето на Аустралиан Опен, каде Роже Федерер го победи Рафаел Надал, забележа најголема гледаност на тенискиот меч на сите времиња, и беше втор по гледаност настан во историјата на постоењето на Eurosport. Финалето во Европа го проследија вкупно 20.7 милиони луѓе на Eurosport и на каналите во сопственост на Discovery.

Распоред:

Понеделник, 22 мај- почеток на квалификациите

Петок, 26 мај- ждрепка на Ролан Гарос

Недела, 28 мај- прво коло на Ролан Гарос

Сабота, 11 јуни- женско финале

Недела, 12 јуни- машко финале

 

Gamesetmets6

 

*попис на стручните соработници на Еуроспорт на Ролан Гарос:

Интернационални - Mats Wilander (7 Гранд Слам титули во поединечна конкуренција, 1 Гранд Слем титула во парови), Barbara Schett, Patrick Mouratoglou, John McEnroe (7 Гранд Слам титули во поединечна конкуренција, 9 Гранд Слем титули во парови, 1 Гранд Слем титула во мешани парови), Chris Evert (18 Гранд Слам титули во поединечна конкуренција, 3 Гранд Слем титули во парови)

Шпанија- Alex Corretja, Conchita Martinez (1 Гранд Слам титула во поединечна конкуренција)

Германија- Boris Becker (6 Гранд Слам титули во поединечна конкуренција)

Франција - Henri Leconte (1 Гранд Слем титула во парови), Marion Bartoli (1 Гранд Слем титула во поединечна конкуренција), Mathilde Johansson, Camille Pin, Nicolas Escudé, Jean Paul Loth, Emilie Loit, George Goven.

Обединетото Кралство - Mary Pierce (2 Гранд Слам титули во поединечна конкуренција, 1 Гранд Слам титула во мешани парови) Jo Durie (2 Гранд Слам титули во мешани парови), Frew McMillan (5 Гранд Слем титула во парови, 5 Гранд Слам титули во мешани парови), Pat Cash (1 Гранд Слем титула во поединечна конкуренција)

Русија- Anna Chakvetadze

Шведска - Thomas Enqvist, Jonas Bjorkman (9 Гранд Слем титули во парови)

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012