54654

Џон Мекинро го најавува преносот на US Open 2017 на Еуроспорт

 

Тениската легенда Џон Мекинро го најавува преносот на УС Опен на Еуроспорт преку две видеа кои го промовираат преносот на „сите екрани“ (all screens) и воедно ја нагласуваат богатата историја на турнирот. Џон Мекинро четири пати победи на УС Опен, а во својата сјајна кариера има освоено вкупно седум Гранд Слем награди. Од 28 август ќе биде дел од екипата на Еуроспорт во Њујорк на овогодишното издание на престижниот турнир.

 

Mekinro1

 

 Во првото видео, Џон Мекинро седи во салонот JP Barber Shop во Бруклин, со желба да му направат посебна фризура за УС Опен. После испробување на неколку стилови, се одлучува за „трајна“ црвена трака – стил кој самиот го носеше во доцните седумдесетти. Во продолжение Џон Мекинро чека во истиот берберски салон во Њујорк и гледа тенис на мобилниот телефон, а неговиот пријател го прашува што прави.

 

Mekinro2

 

Збунетиот пријател не може да поверува дека Џон го следи тенискиот натпревар во живо од неговиот мобилен телефон. Мекинро му објаснува дека денес е возможно да се гледа тениски натпревар во живо на Еуроспорт и тоа на телевизија, онлајн, на таблет или на мобилен телефон.

 

 

Антонио Руиз, потпретседателот на маркетинг во Еуроспорт изјави: „Сакавме да направиме реклама која ги обединува забавната и традиционално богатата страна на Њујорк, а за тоа не постои подобар човек од Џон Мекинро. Тој го познава овој град и неговите жители како и историјата на турнирот.“ Еуроспорт ќе пренесува 250 часа тенис од УС Опен во живо и ексклузивно во делови од Европа (не-ексклузивно во Австрија, Чешка, Луксембург, Швајцарија) преку телевизиски канали, Eurosport Player и на eurosport.com. Сите терени и сите натпревари ќе бидат достапни на Player.

 

Mekinro3

 

 Покрај Џон Мекинро, стручниот тим на Еуроспорт во Њујорк го сочинуваат Борис Бекер, Мет Виландер, Барбара Шет , Алекс Кореџа и Кончита Мартинез. Виландер и Шет преку целиот турнир го водат својот дневен магазин – Game, Schett & Mats. Тука е и Патрик Муратоглу, супер тренерот кој Серена Вилијамс ја водеше низ нејзината  кариера. Патрик во Њујорк во емисијата The Coach (Тренер) за гледачите на Еуроспорт ќе ја анализира играта и стратегијата на најдобрите тениски играчи.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012