54654

Еуроспорт ќе го пренесува снукер турнирот Шангај Мастерс

 

World Snooker и Еуроспорт најавија соработка за преносот на турнирот Шангај Мастерс. Овој турнир неодамна е додаден во светскиот календар на натпреварувања, а сега е договорен и пренос на Еуроспорт, кој инаку ги пренесува најзначајните снукер натпревари.

 

Snukernoem2017

 

Шангај Мастерс ќе започне на 13, а ќе заврши на 18 ноември. На турнирот ќе настапат најдобрите светски снукер играчи како Рони О ’Саливен, Џон Хигинс, Марк Селби, Џуд Трамп како и Динг Џинхуи кој ја брани титулата од минатата година. Шангај Мастерс се игра од 2007 година. Оваа година за наградата од 700 000 фунти ќе се борат 64 натпреварувачи, а Еуроспорт ќе врши пренос во 54 земји ширум Европа.

Оваа сезона на Еуроспорт не очекуваат World Championship, UK Championship, The Masters и Home Nations series натпреварите во снукер.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012