54654

Новогодишната турнеја „4 скокалници“ во живо на Еуроспорт

 66-то издание на традиционалните новогодишни „4 Скокалници“, ако не по друго, ќе биде запаметено по најмасовната посета од сите досегашни натпревари во ски скокови.

Имено, поради фактот дека по прв пат по сезоната 2001/2002, кога на оваа турнеја се прослави Свен Ханвалд, главниот фаворит за освојување на круната и целосен победник на турнејата  кој беше германец, срушени се сите рекорди во продажба на влезници за првите две станици од оваа германска турнеја во Оберсдорф на 30.12 и Гармиш- Партен Кирхен на 01.01.

 

Cetiriskokalnici1

 

Оберсдорф го распродаде својот капацитет од 25 илјади посетители, колку што е и капацитетот на неодамна проширениот стадион, а продадени се дури и 15 илјади влезници за квалификациите ден предходно, што е незабележано во историјата на светските купови во ски скокови. Случајно или не, човекот заслужен за таа еуфорија се вика Рихард Фрајтаг (на германски:петок), победник на три од седум дотогаш одржани натпревари таа сезона.  Иако роден во Ерлабрун, поранешна источна Германија, Фрајтаг од минатото лето живее токму во Оберсдорф како би можел да стане првиот локален победник во овој куп по 1960 год.

 

Cetiriskokalnici2

 

Патот кон успехот би можел да му го попречи неговиот колега од репрезентацијата Андреас Велингер, кој има една поебда оваа сезона, а не треба да се заборават и поранешните победници, полјакот Камил Стох и австријанецот Штефан Крафт, како и норвежанецот Даниел Андре Танде, кој минатата година киксираше во последниот од вкупно осум скокови, колку влегуваат во вкупниот поредок на оваа турнеја и со тоа веројатно ја испушти и победата.

Другиот дел од 4-те скокалници, како и секогаш, ќе се одржат во Инсбрук во Австрија на 04.01.2018 и во Бишофсхофен на 06.01.2018, каде без сомнеж атмосферата ќе биде слична како онаа во Германија. Преносот во живо следете го на Eurosport.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012