54654

Лепа Брена, Деспасито, Чола и Ники Минаж во стартот на спектаклот ТЛЗП

 

21 часот, недела - старт на големото шоу на Сител телевизија

 

Tlzp4sez1em1

 

Вечерва, 1 октомври, со почеток точно во 21 часот на Сител телевизија започнува четвртата најнова сезона од лиценцираното забавно шоу "Твоето лице звучи познато". Нѐ чека невидена забава, луди имитации и познати лица кои сите нас ќе нѐ изненадат.

 

Tlzp4sez1em7

 

Учесниците во оваа сезона добија потполно нови улоги кои ќе ги исфрлат од зоната на комфор и во кои целосно ќе уживаат. Темпото на работа е деноноќно за да се добие спектаклот кој ќе го гледаме вечерва на Сител. 12 учесници фрлени во оган, 12 величествени кои со максимален напор ќе нѝ ги доловат настапите на балканските и светските музички ѕвезди.

 

Tlzp4sez1em4

 

Бранислав Лечиќ и Драгана Мичаловиќ ќе воодушеват како Џејсон Деруло и Ники Минаж во хитот "Swalla", а нивниот секси танц, рапување и фантастични сценски ефекти сите ќе нѐ остават без здив. Турбофолкерот Стеван Анџелковиќ вечерва ќе го видиме како фронтменот на "Coldplay", Крис Мартин, а пак Бане Видаковиќ уште на стартот ќе застане на потпетици исполнувајќи хит на Лепа Брена.

 

Tlzp4sez1em3

 

Едита од "Министерке" ќе ја долови сексипилната Бијонсе, а нашата Тијана Дапчевиќ ќе ја видиме во улогата на Здравко Чолиќ со настап на песната "Glavo luda".

 

Tlzp4sez1em2

 

На сцената на ТЛЗП вечерва ќе видиме перформанс и на светскиот хит "Деспасито" и тоа од страна на српскиот Бред Пит и познат кик боксер. Беби Дол ќе проба да отпее песна од Емили Санде, а Мира Шкориќ која ветува најголема забава ќе ги развесели сите како Халид Бешлиќ.

 

Tlzp4sez1em5

 

ТВ Пакет открива дека на жириските столчиња оваа сезона ќе седат познатите Бранко Ѓуриќ - Ѓуро и Андрија Милошевиќ, а друштво во оваа сезона ќе им прави и поп пејачката Александра Радовиќ.

 

Tlzp4sez1em6

 

Шоуто и оваа сезона има хуманитарен карактер. Победникот од секоја емисија ќе донира по 100 евра онаму каде што смета дека е најпотребно, а победникот на финалето ќе добие можност да донира 20.000 евра. Забавата и хуманоста на едно место, сплотени само на Сител телевизија.

 

Дани | ТВ Пакет

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012