54654

Тијана со сценска атракција - кој кого ќе имитира вечерва во ТЛЗП?

 

Тијана Дапчевиќ во полуфиналето на ТЛЗП е ... Пинк

 

Кој кого ќе имитира вечерва на Сител во полуфиналето од четвртата сезона на ТЛЗП? Гледачите и жири комисијата веќе 10 седмици ги прати настапите, подемите и падовите на нашите ѕвезди, но вечерашниот настап е клучен за дефинирање на финалниот впечаток.

 

Rsz Stopejatpolufinaletlzp41

 

По имитацијата на Бајага, Бане за полуфиналето доби задача да имитира исто така не многу активен пејач на сцена. Се работи за имитација на "Garavi sokak",  а пак Пагонис, за разлика од него, ќе мора да покаже експлозивност и движење на сцена затоа што хеви метал бендот AC/DC е негова полуфинална проблематика што мора да ја реши.

За Стеван е резервирана песната на Imagine Dragons /Ariana Grande, додека пак Леон е во улогата на Кендрик Ламар и Ники Минаж.  

 

Rsz Stopejatpolufinaletlzp42

 

Раскшниот вокал на македонската дива Калиопи ќе треба да го долови Мира Шкориќ, а имитацијата на наградуваната пејачка Лус Казал и' припадна на Гага. Лека на сцена ќе рапува, Едита ќе влезе во кожата на Еванесенс, а Беби Дол има тешка задача - да биде во кожата на Кристина Агилера.

За македонската учесничка и шоумен, Тијана Дапчевиќ, полуфиналната задача е имитација на Пинк, за која сценските егзибиции се вистинска атракција. Кој ќе ги намами вашите погледи и кој ќе ве наведе да го дадете вашиот глас? Вечерва на Сител, полуфинале на ТЛЗП. Парите одат во хуманитарни цели.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012