54654

Каролина ѝ даде 12 поени на Тијана - ова се финалистите на ТЛЗП

 

Со имитација на Пинк, нашата Тијана се пласираше во финале

 

Енергичната Тијана Дапчевиќ е една од петте финалисти кои следната недела ќе се борат за главната награда во регионалното шоу на забава, имитации и хумани дела. Друштво на Тијана во големото финале на "Твоето лице звучи познато" ќе ѝ прават и Едита, Леон, Стеван и Драгана, кои се исто така одбраните финалисти.

Тијана Дапчевиќ ги доби највисоките 12 поени и од телевоутингот, и од жирито и од натпреварувачите како вкупен број на бодови досега од сите емисии.

 

Rsz Rijanakar

 

Специјален член на жирито во полуфиналето беше нашата Каролина Гочева која своите 12 поени ѝ ги даде на Тијана. Благодарение на нејзините поени, поените од останатите членови на жирито и гласовите на телевоутингот, Тијана си обезбеди пласман во финалето на четвртата сезона од ТЛЗП.

Следната недела, 17 декември, 21 часот ќе биде терминот на Сител кога директно ќе се пренесува финалната емисија од ова забавно шоу. Главната награда од 25.000 евра, како и приходите од телевоутингот, ќе бидат доделени во добротворни цели.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012