54654

Видео | Со песна на Билбилов, Елена Велевска ја освојува Бугарија

 

"Погледни ме за крај" со промоција на Планета, наскоро и спот

 

Познатата македонска фолкерка Елена Велевска бележи нови успеси во соседна Бугарија. Таа стана ексклузивец на бугарската продукциска куќа „Пајнер и телевизијата „Планета, во чија новогодишна програма премиерно ја претстави својата нова песна насловена „Погледни ме за крај“.

 

Poglednimezakraj1

 

Песната е дело на Роберт Билбилов, кој е автор на музиката, аранжманот и продукцијата, а текстот е на Огнен Неделковски. За прв пат се случува македонски изведувач да стане дел од Планета и да пее своја песна на македонски јазик, а наменета првенствено за тој пазар. Елена овој период е се' поприсутна во Софија каде освен на снимањето на новогодишната програма, беше гостинка и на промоцијата на Фики, познат бугарски пејач каде се фотографираше со нивните ексклузивци.

Во продолжение слушнете ја песната, промоцирана на Планета :

 

 

Пејачката го менува стилот и наскоро ќе снима и дует со бугарскиот поп фолк пејач Борис Дали. Поради забраната од ЗАМП за радиодифузно емитирање на македонска музика на нашите медиуми, нашите пејачи очигледно се приморани среќата и славата да ја барат надвор од границите на Македонија. И тоа им успева засега.

 

Poglednimezakraj2

 

Она што е исто ново кај Велевска е новата новогодишна фотосесија, дело на Дарио Јанковиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012