54654

Урбаната Скопјанка со етно балада од Каролина, помина во „Ѕвездички“

 

Вака звучеше "Кој да ми запее" на сцената на Пинк

 

Македонската гордост и идна голема ѕвезда, Мина Блажев од Скопје, настапи во шестиот круг од мега шоуто "Ѕвездичките на Пинк" и успешно успеа да се пласира понатаму.

 

Minakojdamizapee2

 

Таа се претстави со најмоќната етно балада од Каролина Гочева и со тоа ги натажи и разнежни срцата на сите во Пинковото студио. "Кој да ми запее" од грлото на Мина звучеше совршено и тоа го потврдија сите членови на жирито. Емоцијата ја примија сите, и покрај тоа што текстот можеби и не го разбрале сјајно.

 

Minakojdamizapee1

 

За Гоца Тржан, на Мина и фалело точност за време на изведбата на втората песна, “Can’t feel my face", но сите беа сигурни дека во баражот за неа ќе нема зима. И тоа се случи. Мина успеа да се пласира во следниот, седми круг од талент шоуто и да нѐ направи уште еднаш, нас Македонците, горди на нејзиниот глас и стас.

 

 

Оваа сезона, за жал, немаме можност да ја следиме малите, но големи Ѕвездички на македонските телевизии, ама затоа ТВ Пакет е тука да посвети простор и време за секоја наша голема надеж како што е малата Мина Блажев.

 

Дани | ТВ Пакет

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012