54654

Томашевиќ за нашата Драгана : Ова е Шпанија на македонски начин!

 

Видео | Со песна од Тоше, малата Кумановка на чекор до финале

 

Dragansedmi1

 

Малечката ѕвездичка Драгана Јовановска од Куманово е првата Македонка која го помина седмиот круг од српското талент шоу "Пинк Ѕвездички". Во најновата емисија, емитувана вчеравечер во земјите низ регионот, Драгана ја отпеа легендарната "Во коси да ти спијам" од Тоше Проески, но во преработениот аранжман и верзија од симпатичниот женски кватет "Фрајле". Нашата ѕвездичка настапи на сцена во придружба на девојките од две денс студија и освен со пеењето, изненади и со играњето.

 

Dragansedmi2

 

- Преубаво како млеко, со шмек и боја на Македонија, одлично отпеано. Од емисија во емисија нѝ ја покажуваш својата ширина во пеење, постојано напредуваш и сите ја чувствуваат вибрацијата со која нѐ правиш среќни - искоментира Сале Тропико, на што се надоврза Сергеј Четковиќ кој единствено бараше да има и тапани во аранжманот на верзијата за Драгана да би се снашла уште подобро.

 

Dragansedmi3

 

По шоу препирката која ја имаа Гоца и Сергеј, Гоца успеа да дојде до збор и да ѝ даде совети на Драгана да внимава на ритмичноста и концентрацијата.

- Ја одбра црвената боја во твојот стјалинг. Тоа е боја на радоста, љубовта, среќата и безгрижноста, Шпанија на македонски начин. Продолжи само така, биди ваква и расположувај нѐ како што го направи тоа и сега - искоментира Јелена Томашевиќ за настапот на нашата Драгана.

 

Dragansedmi4

 

Во продолжение погледнете ја нејзината изведба и бодрете ги нашите македонски деца до самото финале.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012