54654

Жирито без коментар - Ристе „загрми“ со песни од Тоше и Цетински

 

Ристе се пласираше во четвртиот круг од "Ѕвездите на Гранд"

 

Ristetretkrugsrce1

 

Изминатава сабота во сите земји низ регионот, освен во Македонија на Канал 5, започна со емитување третиот круг од највеселото талент шоу "Ѕвездите на Гранд". И токму во првата емисија од третиот круг на Гранд, чест да настапи на грандиозната сцена имаше нашиот Ристе Ристески. Охриѓанецот е најпопуларниот Македонец во оваа сезона и потенцијален победник на "Звезде Гранда".

 

Ristetretkrugsrce2

 

Ристе се претстави со "Od milijun žena" од Тони Цетински и "Srce nije kamen" од легендата Тоше Проески.

Уште по првата песна, жирито беше воодушевено од неговиот настап, а веќе по изведбата на песната од Тоше, несомнени беа сите седум гласа и директен пласман во четвртиот круг од шоуто.

 

Ristetretkrugsrce4

 

- Oд самиот почеток се знаеше исходот - искоментира Аца Лукас и додаде - но, сепак, сакав малку да има шоу и затоа не ти дадов глас до последниот миг.

За Вики, нашиот Ристе комплетно ги оправда очекувањата на жирито и таа, како и сите останати членови, е подготвена да му дава глас дури и пред да почне да пее.

 

Ristetretkrugsrce3

 

- Ова знаете како изгледаше? Како да дошол првиот кандидат како некој си комарец и тука нешто скока - трча, и... потоа доаѓа Ристе како некој бумбар и "растура". Најдобар си, Ристе - беше коментарот на Шерифовиќ, на што со пофалби и позитивни реакции се надоврзаа и Јелена Карлеуша и Снежана Ѓуришиќ.

Во продолжение погледнете го неговиот настап, а целото шоу кое го приредија Јелена Карлеуша и останатите, ќе го гледате во сабота во 20.15 часот на Канал 5 телевизија :

 

 

 Дани | ТВ Пакет

DNK 300x250

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012