54654

„Море сокол пие“ го пласираше Дамјан во 4. круг од „Ѕвездичките“

 

Македонското дете со втор обид за финале во Гранд

 

14 годишниот Дамјан Димевски од Скопје е Македонецот кој учествува во српското талент шоу "Ѕвездичките на Гранд" оваа 2016/2017 сезона. Веројатно оваа година е втора шанса за многу натпреварувачи, па така Дамјан по втор пат учествува тука, Ристе втора сезона е во шоуто на големите Гранд, а Адам во Пинковите ѕвезди.

 

Damjanmoreskol3

 

Дамјан во третиот круг од оваа сезона ја отпеа народната "Море сокол пие" и "Ajde idi" од Здравко Чолиќ во дуел со друго дете кое доаѓа од БиХ.

- Уау. Ти се поклонувам, Ваше Височество за "Море сокол пие" - искоментира Бојан Маровиќ за настапот на нашиот Дамјан, а на Немања Стевановиќ, Македонецот му се допаднал многу повеќе отколку Босанецот. Другите членови на жирито се вклучија во позитивните реакции со мала замерка дека можеби Димевски требало да одбере посериозна песна наместо таа од Чола и со совет да внимава на ноншалантноста, да не ја надмине границата на сцена.

 

Damjanmoreskol2

 

Младиот Дамјан е инаку, добитник на Гран при на „International art festival“ во Анталија со што на Македонија и донесе уште една победа и уште еден огромен успех. На натпреварот во силна конкуренција од 53 учесници од повеќе земји, Дамјан ги изведе композициите „Тајно Моја“ од Тоше Проески и модерна верзија на легендарната „Море сокол пие“.

 

Damjanmoreskol1

 

Во продолжение погледнете го неговиот најнов настап во шоуто за некои нови клинци, кој на Канал 5 го гледавме минатата недела во 15.30 часот :

 

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012