54654

Пинк ги исфрли сите Македонки од шоуто на ѕвездичките

 

Мина и Драгана не се повеќе дел од "Ѕвездичките"

 

Македонија без свои учесници во полуфиналните и финалните емисии на талент шоуто "Ѕвездичките на Пинк". Во првата сезона, македонскиот талент Трајче го освои второто место од натпреварот, а истиот успех го постигна и Мартија во ланската сезона. За жал, оваа сезона, ниедна наша кандидатка не успеа да се пласира во финалните емисии.

 

Minaidraganaotpadnaa1

 

На што се должи тоа? Александра беше исфрлена пред неколку емисии, а во последната емисија и преостанатите две кандидатки, Драгана и Мина, го напуштија натпреварот по одлука на жирито. Во дуелите, Мина ја пееше "Čija je ono zvijezda" од Чола, а Драгана познатата "Kada sanjamo" од Пилоти.

 

 

 

Читателите на нашиот сајт и форум прашуваат - дали Драгана и Мина ќе отпаднеа сега доколку Сител го емитуваше шоуто? Дали Македонците најмногу гласаат во финалните емисии и затоа нашите деца се секогаш во првите места? Дали со тоа што Пинк оваа година нема да има гласачи од Македонија влијаело на тоа да ги тргнат македонските девојчиња од шоуто?

 

Minaidraganaotpadnaa2

 

Во секој случај, ТВ Пакет им посакува среќа и успех на Мина и Драгана во натамошната кариера, затоа што ова е само почеток на една голема приказна за нив и за сите нас. Ја немаа среќата да ја достигнат популарноста на нивните претходници, затоа што поради забраната од ЗАМП, Сител беше приморана да го отстрани шоуто од тв програмата. Девојчиња, не се откажувајте никогаш. Животот е пред вас, а музиката нека биде секогаш во вашите срца.

ТВ Пакет продолжува да ги поддржува и да пишува за сите наши идни надежи и потенцијални ѕвезди.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012