54654

Видео | Со „Полско цвеќе“, Ристе влезе во полуфинале на Гранд

 

Ристе Ристески на чекор до големото финале на Гранд

 

Ristepolsko1

 

Македонската надеж и ѕвезда, Ристе Ристески од Охрид вчеравечер настапи во првата емисија од петтиот круг на српското хит шоу "Ѕвездите на Гранд". Тој ја отвори емисијата со емотивната и првокласна изведба на "Полско цвеќе" од македонската легенда, a за втора и побрза песна ја одбра "Лоша" од Џенан Лончаревиќ. И во двете песни, нашиот кандидат се снајде одлично со што докажа дека е зрел за голема и вртоглава Гранд кариера.

 

Ristepolsko2

 

Жирито не можеше да се одлучи кој од двата кандидата е подобар, па решија и двајцата да ги испратат во бараж како би ја спречиле агонијата која би владеела во друг случај. Ана Бекута не му даде глас на Ристе, на што остро реагираше Јелена Карлеуша.

 

Ristepolsko5

 

- Ана, моја кукло и пријателке, вечерва згреши што не гласаше за Ристе. Ристе толку се изостри и го покажа својот најдобар квалитет, без грешка. Емоција, фантастичен си. Украси, интонација, боја на глас, став, однесување. Ти си, дечко топ, и ти одамна многу ми се допаѓаш како пејач и ѕвезда. Знаеш да направиш грешки некогаш, но вечерва беше безгрешен - искоментира Јелена за нашиот Македонец.

 

Ristepolsko3

 

За Шерифовиќ, настапот на Ристе не беше совршен. Во првата песна, според неа, он имал проблем со ритамот, а во втората песна бил низок. Со тоа се согласи и Аца Лукас, за кого Ристе е најдобар пејач и фаворит на оваа сезона.

 

Ristepolsko4

 

- Момци, бевте фантастични. Ристе, сето тоа што се бара од тебе, го имаш. Твоето лулање во првата песна не ми пречеше, но тоа се вика интонативна несигурност. Сепак, имаш добра боја, одличен пејач си, пееш на неколку јазици, убав си, имаш многу за ѕвезда. Но, ја немаш онаа безобразност и желба да згризеш како што тоа го направи твојот противник. - искоментира на крајот Босанац.

Во продолжение погледнете ги настапите на Ристе :

 

 

Во баражот на крајот на емисијата, Ристе успеа да си обезбеди пласман во финалните емисии на шоуто. Држиме палци за него!

 

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012