54654

Пинк ги исфрли Македонците и од шоуто на големите ѕвезди

 

Ни песната на Тоше не успеа да го однесе во суперфиналето

 

Adamisfrlen1

 

Оваа сезона, Македонија без свои учесници во финалето од талент шоута на Пинк, "Ѕвездичките" и "Ѕвездите". Во првата сезона на Пинкови ѕвезди која се емитуваше на Алфа, нашиот Денис Димоски успеа да стигне до големото финале, а пак лани на Сител, Мите Стоилов не само што стигна до финале, туку и победи. И покрај победата, очигледно е дека продукцијата на Пинк не превзеде ништо за неговата кариера, па затоа од тогаш навака за Мите немаме чуено ништо.

 

Adamisfrlen2

 

Оваа, трета сезона од тоа шоу, како што знаете не се емитува во Македонија. Поради забраната од ЗАМП која траеше неколку месеци, Сител телевизија беше приморана да се откаже од емитување на српска музика оваа сезона. Тоа придонесе и во емисиите во кои се гласа со телевоутинг да нема гласови од нашата земја како што во енормен број имаше лани. Во вчерашната емисија, гледачите од регионот за прв пат имаа можност да гласаат за пинковите ѕвезди и се случи тоа што се случи... македонскиот кандидат не освои доволно гласови и беше исфрлен од натпреварот.

 

Adamisfrlen3

 

Македонија остана без свој учесник! Кога шоуто се емитуваше на мк телевизија и Македонците гласаа целовечерно, тоа им одговараше на Пинк телевизија и ги држеше до самиот крај. Сега, и покрај прекрасните настапи и одлични коментари, Адам не се задржа во големото суперфинале. Во ланската сезона кога гласаа и гледачите на Сител, Адам беше дел од финалето. Оваа година, не.

Во продолжение, погледнете ги неговите вчерашни и последни настапи за кои коментарите на жирито, како и дотогаш, беа дека тој заслужува финале над финалињата и дека има специфична појава која го прави вистинска Пинкова ѕвезда.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012