54654

Политичката драма „House of cards“ ова лето репризно на МТВ 1

 

Популарниот политички трилер репризно на МТВ 1

 

Откако долг период нема ништо ново од сериска програма на МТВ, стигнува реприза на веќе емитувана серија и тоа политичката драма "Куќа од карти", во која главните улоги ги толкуваат Кевин Спејси, Робин Рајт, Мајкл Кели, Нејтан Дароу, Мајкл Гил. Репризните епизоди ќе се емитуваат секој ден, по 23 часот.

 

KukaodkartiMTV13

 

"Куќа од карти" е бескомпромисна студија на мрачната страна на американскиот политички состав, сплетки зад кулисите на примерната политичка сцена и една од најеминентните играни серии на денешницата. Во овој политички трилер ќе дознаете што се' спремни луѓето да направат за моќ и докаде оди амбицијата во корумпираниот политички врв на Вашингтон.

 

KukaodkartiMTV12

 

Серијата го следи животот на еден високопозициониран демократ, Френк Андервуд (Кевин Спејси), доминантен, шармантен, харизматичен и немилосрден човек. Тој и неговата амбициозна сопруга не отстапуваат од ништо за да успеат во животот и да ја остварат својата цел. Откако претседателот на САД го прекршил ветувањето дека Френк ќе биде државен секретар, тој решава да им се одмазди на сите што го предале. Со сопругата, со која има чудна и нераскинлива врска а која ја раководи најголемата хуманитарна организација, Френк кова план кој е многу сложен и опасен и вклучува сè што може да направи еден политичар.
 
 
 KukaodkartiMTV11
 
Серијата им дава можност на гледачите да ѕирнат што се случува зад затворените врати на политичарите, чиј живот е проткаен од интриги и сплетки и што сè прават за моќ.
„Куќа од карти“ освои многу награди, меѓу кои наградата Еми за најдобро сценарио и телевизиската награда БАФТА што ја доби извонредниот Кевин Спејси кој ја има главната улога. Снимена е според романот на Мајкл Добс и истоимената мини серија на Би-би-си од 1990 година, во која главната улога ја толкуваше Ијан Ричардсон.
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012