54654

МТВ ќе репризира канадска емисија од регионалните телевизии

 

Емисијата која измината година се емитуваше на локалните тв канали како А1, О2, Мега, Ултра, К3, Канал 3... сега ќе се репризира и тоа на државниот национален тв сервис. На МТВ 1 ќе се емитува од понеделник до петок во 18.15 часот.

 

Brajanmtv1

 

„Препуштете му го тоа на Брајан“ е серија од канадско производство посветена на реновирање на куќи. Емисијата на темели на концептот дека реновирањето на посакуваните делови од страна на сопствениците на куќите не е секогаш најнеопходно и најпотребно.

Испирацијата на водителот и авторот на серијалот Брајан Бомлер е во неговото долгогодишно искуство во реновирање на туѓите домови и преголемите желби на клиентите кои, честопати ги забораваат структурните недостатоци на својот дом.

 

Brajanmtv2

 

Во секоја епизода Брајан се среќава со сопствениците на куќата за да дознае што сакаат тие да реновираат, а во исто време прави проценка што е најкритично за реновирање. Подоцна се враќа во куќата и го започнува реновирањето онаму каде што смета дека е најпотребно.

За изборот на Брајан сопствениците дознаваат дури при крајот на градежните работи.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012