54654

Сега е сè полесно со српските практични жени на Канал 5

 

Нова српска емисија во 17 часот на Канал 5

 

За време на летните горештини, Канал 5 телевизија носи уште една српска емисија на малите екрани. Секој работен ден во 17 часот, на местото од "Вип сезона", ќе се емитува "Практична жена", емисија која ќе ги советува домаќинките како да си го поедностават животот, и ќе нуди брзи решенија за многу проблеми во кујната, тоалетот, совети за фамилијата, домот, телото, убавината.

 

Prakticnazenakan1

 

Оригиналните совети на српските жени се од големо значење не само за припадничките на понежниот пол, туку и за мажите. Многу познати личности од српскиот шоу биз во студиото на Прва српска телевизија ќе споделат искуства од нивните домаќинства и животи, како и мали тајни кои никој не ги слушнал.

 

Prakticnazenakan2

 

Наташа Павловиќ, водителката на шоуто, ги повикува жените да ги гледаат нејзините изданија и да дознаат како на креативен начин може да готват ручек, но истовремено да си играат и со дечињата. Или па како да успеат со минимум време и трошок да вежбаат и да изгледаат витално и убаво.

 

Дани | ТВ Пакет

 

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012