54654

Водени лудории секоја недела во втората сезона на „Подводно“ на Алфа

 

Забавувајте се со летните игри на Алфа и Томато

 

Вистинска летна македонска емисија, без никакви практични совети од српски домаќинки и без никакви интервјуа со Гранд ѕвезди. "Подводно" се врати на Алфа телевизија со втора сезона, секоја недела во 16.45 часот. Многу интересни гости, смеа, музика и водни лудории не очекуваат на Алфа во живо од базенот "Аердодром" во Скопје заедно со добропознатиот водител Ненад.

 

Podvodnovtoras1

 

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од Општина Аеродром, вклучени во реализација на овој ТВ проект :

Општина Аеродром информира дека можат да се пријавуваат сите заинтересирани жители на територијата на оваа локална самоуправа кои се над 16-годишна возраст и се пливачи. Граѓаните можат да пројават екипа од машки или од женски натпреварувачи, која треба да биде составена од најмалку три, а најмногу од четири члена на телефонскиот број 070/360-298, лице за контакт Наташа или на е-маил адресата:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Podvodnovtoras2

 

– Целта на овој проект е преку активно учество и дружење на учесниците да се промовира спортот и физичката активност, како главен предуслов за добро здравје, соопшти општина Аеродром.

Дел од активностите кои натпреварувачите ќе треба да ги реализираат на базенот „Аеродром“ се игри во вода како веслање, влечење со јаже, ватерполо, пронаоѓање скриено богатство, а ќе гостуваат и јавни личности, кои ќе бидат капитени на тимовите. За сите учесници има предвидено соодветни награди.

 

Podvodnovtoras3

 

Во новото, утрешно неделно издание на Подводно, очекувајте нови 2 тима и нови 3 гостинки: Сара Мејс, Наташа Малинкова и Антонија Гиговска.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012