54654

По теркот на светските телевизии, Сител ја претстави новата сезона

 

Програма за сите вкусови и генерации - оваа сезона на Сител

 

Сител телевизија уште еднаш најавува врвна гледаност во новата телевизиска сезона 2017 - 2018 со новите содржини кои ги промовира за престојниот период. Стандардна телевизиска програма за сите, по примерот на најгледаните балкански телевизии.

 

Novasezonanasitel17188

 

За брзо се враќаат новите продолженија на најшарените детски серии Калимеро, Винкс и Меѓи и Бјанка, како и новата сезона на турскиот хит "Парампарче". Веќе од понеделник, 11 септември започнува новата сезона од романтичната комедија "Вљубениот ерген" чиј главен пар ги освои симпатиите и воздишките на македонските гледачи.

 

Novasezonanasitel17182

 

За доцната есен се најавува нова љубовна драма од земјата на Босфорот, во која главната улога ја толкува Бали бег. "Бескрајна љубов" е турска новела која со голем успех се прикажува во Србија, Хрватска, средна Европа и Латинска Америка. Освен неа, тука се и други приказни со најпопуларните актери од Турција.

 

Novasezonanasitel17183

 

За љубителите на музичките шоу програми, Сител ќе ја емитува најновата четврта сезона од "Твоето лице звучи познато", како и новите сезони на домашните лиценцирани гејм шоуа "Deal or no deal" и "Ready, steady, cook" започнуваат многу наскоро.

Она што е ново за оние кои ги сакаат светските играни продукции на серии, Сител ги најавува британскиот СФ трилер "Stan Lee's lucky man", шпионската драма "Covert affairs" и германско австриската медицинска драма "Der Bergdoktor".

 

Novasezonanasitel17186

 

Српскиот документарен серијал "Robna kuća" ќе ни ги претстави корените на најважните феномени од популарната култура на овие простори, а светскиот документарец "Seconds from disaster" на National Geographic ќе фрапира со факти, изјави, сведочења, симулации и анализи за најголемите светски катастрофи. 

Тука се и забавните Гинисови рекорди, како и домашните информативни изданија и контактно - едукативната утринска емисија.

 

Novasezonanasitel17185

 

Она со кое ќе се заокружи претставувањето на новата ТВ сезона е македонската играна серија "На терапија", која започнува од 18 септември.

 

Novasezonanasitel17187

 

Со овој продукт, Сител телевизија ќе постави нови стандарди на квалитетно снимена домашна програма и ќе ја насочи призмата на гледачот кон интелигентниот концепт на серијата и маестрално изградените карактери.

 

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012