54654

Три во едно - вечерва старт за „Код“, „Фчерашни“ и „Еден на еден“

 

Нови сезони од емисиите на Телма телевизија

 

Денеска, први октомври, започнуваат новите сезони од емисиите на Телма телевизија. Телма телевизија го одвоила неделниот прајмтајм за сите три емисии, за разлика од лани кога беа распоредени во различни денови за емитување.

 

Novisezkodfcereden1

 

Кошаркарот Mајкл Xордан, руските бизнисмени Николај Гришко со сопругата, Самсоненко со семејството , се само дел од над 400 стотини странци кои во последните десет години добиле македонско државјанство.

 

Novisezkodfcereden2

 

КОД истражува каква е нивната научна, економска и културна заслуга? Ќе дојдат ли да гласаат на локалните избори? Каде живеат, што поседуваат? Сето тоа го презентира Снежана Лупевска Сузен вечерва во 19.15 часот.

 

Novisezkodfcereden3

 

Веднаш по "Код", стартува нова сезона од "Флерашни новости". Во 20 часот можеби нема да гледаме дел од старите уредници и презентери поради нивната активност во Владата на РМ, но затоа тука се и нови учесници и свежи новости кои ќе станат хит на социјалните мрежи.

 

 

И 20.35 часот, термин за новата сезона од забавното шоу на Жаре. "Еден на еден". Првата епизода од сезона 9 на оваа емисија започнува со времеплов на дел од најинтересните моменти кои се случиле во сите досегашни години од шоуто.

 

Novisezkodfcereden4

 

Од А2 и А1, преку МКЦ и Алфа, до доаѓањето на Телма. Ќе се потсетиме за времето кога Драган Вучиќ бркал девојки заедно со Здравко Чолиќ и што крие Кили во фонтаната пред Драмски. Кога Столе Стоилов пцуеше на хелиум и кога новогодишно во кафана се дружеа Жаре, Трендо и Џамбазов. 

 

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012