54654

Бившиот уредник на 24 Вести и ТВ Нова стана дел од Канал 5 телевизија

 

Гоце Михајлоски премина во Канал 5 телевизија

 

Новинарот Гоце Михајлоски од сега е дел од Канал 5 телевизија. Некогаш дел од А1 телевизија, потоа уредник на 24 Вести, а последно и уредник во телевизија Нова, која ја напушти минатиот месец. За неговото заmинување од Нова, на ФБ профилот објави :

 

Gocekanal51

 

- „За жал, голем дел од јадрото професионални новинари кое ми даваше надеж дека еден ден ТВ Нова ќе стане „македонски CNN“, последните неколку месеци ја напушти куќата и со тоа трајно и неповратно го урна сонот. Кога прифатив да бидам дел од тимот, силно верував дека е можно да се биде пристрасен, но професионален медиум. Да се биде „провладин“ или „опозициски“ во изборот на темите не е грев, доколку се запазуваат професионалните стандарди и етичките норми во известувањето. Впрочем, така функционираат поголемиот дел од медиумите во пазарните општества – едноставно секој сопственик има одредени политички и бизнис интереси и легитимно е да се обидува да ги наметне во јавниот дискурс. На новинарите е да внимаваат тоа да биде согласно правилата, да нема лаги и клевети, а дали и колку медиумот ќе успее да се наметне во јавноста одлучува господарот на далечинскиот – гледачот. Тој што треба и мора да биде неутрален и целосно избалансиран, според моето мислење, е единствено Јавниот сервис, кој се финансира со пари на сите граѓани. Борбата ние да бидеме професионални во рамки на уредувачката политика, ја водев неуморно секој ден. За жал, некогаш политичките влијанија беа посилни од нас“.

 

Gocekanal52

 

Честитки за Гоце за новото работно место. Го очекуваме наскоро повторно на малите екрани.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012