54654

Алфа ги замени филмовите со репризи на српски емисии во прајмтајм

 

Реприза на српска емисија на Алфа

 

Кулинарското ТВ шоу „Пеколна кујна“ повторно на Алфа со уште една реприза. Од понеделник до петок во 21 часот, Алфа ќе ви пружи повторен поглед во професионалното и најквалитетно готвење и послужување на врвната ресторанска храна. Водителите на ова шоу ги знаат ги знаат најголемите тајни на кулинарството и на совршените ресторани и ресторанска услуга.

 

Paklenakuhinja

 

Целта на ова реалити шоу, за потсетување, е да се избере некој ресторан и да се преуреди „од глава до петици“. Водителите ги анализираат сите постоечки маани на локалот, ги утврдуваат причините: Непрофесионалноста на готвачите, нељубезноста на келнерите, лошата декорација и амбиент на ретсоранот, слабата промоција...
 
 
Paklenakuhinja2
 
 
Кога тие ќе влезат во ресторанот, никој не ги сака. Тие се груби, ја кажуваат вистината без влакна на јазикот, укажуваат на сите маани... Тие прават вистински пекол за мрзливите и некреативни работници во рестораните. Зад кулисите на рестораните се случуваат вртоглави промени и после пеколната ревизија што ќе ја направат водителите на шоуто, тие ресторани стануваат најбараните места за добра храна и услуга.
 
Оригиналниот формат на „Пеколна кујна“ во текот на 5 сеозни ги освојуваше највисоките БАФТА и ЕМИ награди во Велика Британија и САД. "Пеколна кујна" е српска верзија на светската верзија "Hell's kitchen".
 
 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012