54654

Вака се прави шоу - „А страна“, нова забавна емисија на ХРТ 1

 

Хрватски и странски поп и рок во новото ТВ шоу на ХРТ

 

Од минатата сабота на првиот канал на Хрватската телевизија започна втора сезона од музичко забавното шоу, наречено "А страна".

 

Astranavtoraem1

 

А-страна е емисија која ќе не врати во времето на најдрагите и најголемите музички хитови во Хрватска. Секоја сабота е вечер на антологиска хрватска музика со култни имиња од хрватската музичка сцена кои ќе пејат во дует со млади музички надежи кои се натпреваруваа во "The Voice - Најубавиот глас на Хрватска". И токму тие постарите заедно со помладите создаваат магична вечер на дуети и забава која ги освои и македонските гледачи, кои ја следат ХТВ 1 преку кабловските опратори.

 

Astranavtoraem2

 

Разговори, прилози и музика - сето тоа е склопено во една мозаична-музичка емисија чии водители се познатите тв лица Душко и Иван. Вчеравечер беше емитувана втората емисија посветена на музиката во Далмација и Славонија. Гости во првата емисија беа Нина Бадриќ, Здравко Чолиќ и Масимо Савиќ, а вчеравечер друштво на младите таленти им правеше маестралниот Теди Спалато.

 

Astranavtoraem3

 

Во продолжение, разнежнете се и уживајте во дел од песните изведени во првите две емисии на "А страна" :

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012