54654

Освен по сабајле, Канал 5 ќе контактира со гледачи и попладне во „Фронт“

 

Од понеделник до петок во 15:35 часот

 

Канал 5 телевизија започна со емитување на уште една контактна емисија. "Фронт" со Анастасија Богдановска ќе се емитува од понеделник до петок, веднаш по вестите во 15 часот. За самата емисија, водителката ќе каже :

 

Frontkanal51

 

- "Фронт" нема да биде обична контактна емисија... ќе биде фронт на мислењата на граѓаните, во мигови кога се отворени многу жешки прашања. Правилата на "игра" се следни: се држиме на темата, не навредуваме и шириме говор на омраза, туку јасно секој еден кој ќе се јави ќе си го каже мислењето. Јас може да ви поставам по некое прашање, кое нема да биде мој личен став, туку прашање иницирано од вашиот коментар, се со цел да имаме подинамична дебата.
Секој работен ден, по вестите во 15 часот на Канал 5 го отвораме фронтот.

 

Frontkanal52

 

Освен оваа контактна емисија, Канал 5 е позната и по комуникацијата со гледачите, односно пензионерите, во раните утрински часови во отворената утринска програма "Здраво Македонијо", а покрај овие контактни емисии на Канал 5, таков тип на емисии за политички теми постојат и на скоро сите останати телевизии : На дневен ред (Сител), Збор по збор (Алфа), Бумбар (Нова), Во тек (24), Очи в очи (24)...

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012