54654

„Секунди до катастрофата“, нов документарен серијал секоја недела на Сител

 

Секоја недела по "Судбини од животот"

 

"Seconds from disaster" е телевизиски документарен серијал, емитуван на National Geographic од 2004 до 2007 година. Се работи за серијал кој ги истражува човечките трагедии и природните катастрофи кои влијаеле на промени во светот. Секоја епизода ни претставува по една катастрофа, анализирајќи ги притоа сите причини и околности кои довеле до големата несреќа.

 

Sekundidokatastrofaavion1

 

Катастрофите не се случуваат туку така, тие се ланец на критички предслучаи. Историски настани, изјави, сведочења и симулација на ситуации, хронолошки подредени, секунда по секунда до катастрофата ќе бидат прикажани во секоја емисија на различна катастрофа. "Секунди до катастрофата" е снимена во 67 продолженија од страна на Darlow Smithson Productions.

 

Sekundidokatastrofaavion2

 

Во првата емисија која ќе ја гледаме оваа недела во 22 часот на Сител, ќе ја видиме сторијата за рушењето на Конкорд. Авионот го напушта аеродромот во Франција и потоа ќе експлодира, притоа удирајќи во хотел во Париз. Умираат многу патници и членови на екипажот, но документарната емисија ќе ни прикаже ретроспектива на сите настани кои претходеле до големата катастрофа.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012