54654

Викенд на Сител пред излогот на стоковната ЈУ куќа во 13 часот

 

Отсега во 13 часот, пред "Докторот од планината"

 

"Направено по ЈУС" е српска документарно забавна емисија, која се емитуваше во сабота и недела пред Дневникот на Сител, но започнувајќи од оваа сабота, терминот на овој забавен тв документ се менува. Носталгичари, потсетете се на времето на бивша Југославија и феномените на популарната култура од тоа време од сега во сабота и недела во 13 часот.

 Jus2

 

Од првите влијанија на западната култура во 50-тите години одминатиот век во тогаш новородените ЈУ фестивали, до новите бранови на ју музика, од партизанските играни спектакли до комедиите на Душко Ковачевиќ и освојувањето на Купот на Шампионите ... оваа емисија ќе ни ги доближи луѓето од тие денови, тие времиња, кои ќе збруваат за своите подвизи, падови, за смеата, заедничкиот живот на сите екс ју народи, за братството и единството, за Тито, за сето тоа што се пренесува на новите генерации.

 

Jus1

 

150 интервјуа снимени во Скопје, Белград, Љубљана, Сплит, Загреб, Сараево кои немаат за цел да ни доловат ју носталгија, туку ќе прикажат дел од нашата колективна историја, дел од едно време и луѓе кои го претставуваат тоа време. Независно од сегашното име на државите и народите, ова е уште еден квалитетен српски тв проект, кој ќе нѐ донесе пред излогот на големата стоковна куќа.

 

Jus3

 

Како се чувствувал Сале Ѓорѓевиќ додека гледал како топката влегува во кошот на финалето во Истанбул, која пејачка прва ги покажа своите облини, дали Отпишаните навистина постоеле, колку луѓе го гледаа Валтер додека го брани Сараево, што мисли Бата Живојиновиќ за тоа, која е напродаваната плоча на сите времиња на овие простори, кои биле феномените Бијело дугме и многу повеќе во наредните изданија на емисијата.

 

Jus4

 

"Направено по ЈУС" ни ги носи најголемите музички и актерски имиња од овие простори, првите успеси на Ѕвезда и Партизан, култните филмски ју комедии и Олимписките игри во Сараево. Одсега за викенд во 13 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

 

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012