54654

Опуштено и оригинално, „Шоуто на Елен“ стартува во 17:15 часот на Телма

 

Познатото американско ток шоу стартува на Телма телевизија

 

Позитивна и харизматична, оригинална и несебична, праведна и уникатна. Елен ќе ги руши сите табуа во интересното шоу кое започнува на телевизија Телма. Од понеделник до петок во 17.15 часот, попладне со Елен Деџенерес.

 

Startnashoutonaelen1

 

"Шоуто на Елен Деџенерес" е американско телевизиско ток-шоу водено од актерката Елен Деџенерес. За 15 неверојатно незаборавни сезони, Елен ќе ве насмее со нејзиниот автентичен хумор, но и со моќните пораки кои ги носи и со кои ги менува животите. Шоуто на Елен е наградено дури 79 пати. Во шоуто гостуваат познати личности, но и сосема обични луѓе кои на јавноста не и се познати.

 

Startnashoutonaelen2

 

Почнувајќи на 8 септември 2003, ова шоу станува мега популарно, а Елен досега добила многубројни награди за својата работа. Елен е позната по нејзината смисла за хумор, а за себе често вели дека ужива да ги засмејува луѓето. Освен тоа, таа е позната и по својата хуманост и многубројните донации од милионски суми за луѓето и живоптите кои имаат потреба од помош.

 

Startnashoutonaelen3


Шоуто трае околу 40 минути, а во него досега гостувале многу познати актери, режисери, музички ѕвезди, спортисти, политичари. Елен е позната и по тоа што сака да им подарува предмети на своите гости со нејзиниот лик или лого. А освен тоа, често поставува скриена камера во гардероберот, или за време на интервјуто им приредува scary изненадување на нејзините гости.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012