54654

Поп баладата „I stand“ ќе ја претставува Чешка на Евровизија

 

Gabriela Gunčíková - I Stand (Чешка)

 

Чешка на Евровизија прв пат се појави во 2007 година и оттогаш се уште чека пласман во финале. Од 2010 па до 2014 година таа се повлече од овој настан поради ниската гледаност и слабите резултати. Во 2015 година се враќаат со интерен избор каде што повторно не успеваат да се пласираат во финале. Годинава своето учество го потврдија во август минатата година и дека повторно се одлучуваат за интерна селекција. Од речиси 40-тина пристигнати песни во крајната селекција биле останати уште три песни меѓу кои I Stand се издвојувала според мислењето на познати музички имиња. На 11 март песната беше официјално претставена на публиката, а Габриела како изведувачот кој ќе се обиде конечно да ја внесе Чешка во финале.

 

CeskaEvrovizija2016



Gabriela Gunčíková има само 22 години и ја стекнува популарноста во чешко-словачката верзија на Поп Идол, Česko Slovenská SuperStar, каде што на завршницата се пласира на второто место. По шоуто потпишува договор со Universal Music Group и го издава својот деби албум Dvojí tvář, а во 2011 година победува во категоријата за најдобар нов изведувач на Český slavík awards, познати како Чешките Греми. Во 2013 година го издава својот втор студиски албум Celkem jiná. Во 2014 година беше дел од рок бендот Trans-Siberian Orchestra за време на нивната турнеја, но потоа го напушта бендот.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012