54654

Вака изгледаше втората проба на Калиопи на сцената во Стокхолм

 

Калиопи подготвена за својот настап во четврток во Стокхолм

 

Vtoraproba1

 

61. издание на најголемиот европски музички натпревар Евровизија започнува со првото полуфинале во вторник, 12 мај во 21 часот. Македонската претставничка Калиопи, одбрана по втор пат интерно од страна на Македонскиот радиодифузен сервис, ќе ја пее "Дона", песна која како и "Црно и бело" е дело на Ромео Грил. Таа настапува во четврток, на второто полуфинале. 

 

Vtoraproba2

 

Во шведската Арена „Ериксон глоуб“, Калиопи ја имаше и својата втора проба, а како изгледаше и звучеше, погледнете од видеото :

 


 

Таа настапи заедно со своите придружни вокали Маја Саздановска, Марија Наумовска, Калина Велковска и Јулија Карамитрова-Огненоска, а креацијата е на нејзината долгогодишна соработничка Розе Трајчевска.

Уште еднаш, Калиопи покажа брилијантна интерпретација и елеганција на сцена која најдобро ја доловува нејзината Дона.

 

Vtoraproba3

 

Како најголем фаворит за победа на овогодинешната Евровизија се споменува Русија и нејзиниот претставник Сергеј Лазарев, чија песна и настап ги споредуваат со ланскиот победник Шведска. Освен Русија, обложувалниците во првите места ги вбројуваат Украина, Франција, Шведска и Австралија.

 

Дани | ТВ Пакет

Pivo Baner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012