54654

Калиопи не успеа да се пласира во финалето на Евровизија

 

И оваа година, Македонија без влез во финале на Евровизија

 

Моќната интерпретација на "Дона", драматичните светлосни ефекти на сцената и присуството на елегантната Калиопи на сцената не беа доволни за оваа година Македонија да се пласира во финалето на големиот музички натпревар "Евровизија".

 

Kaliopinevleze1

 

Калиопи досега имала неколку обиди да настапи на Евровизија. Оној во 1996 година и во 2009 година, кога заврши втора на Скопскиот фестивал. Во 2012 година, МТВ интерно ја одбра македонската дива да ја претставува нашата земја и тогаш со "Црно и бело", Македонија влезе во финалето. И оваа година со истиот музички тим и на ист начин одбрана од Македонската телевизија, Калиопи повторно се појави на евровизиската сцена.

 

Kaliopinevleze2


Од вкупно 18 земји, Македонија не успеа да се пласира во првите десет кои добиваат влезница за финале. Од соседните земји, во финалето ќе се најдат Србија, Хрватска и Бугарија. Оваа година, Грција, Албанија и Босна не се дел од големото финале кое ќе се одржи во сабота во Глоуб арената во Стокхолм, со почеток во 21 часот.

Во продолжение погледнете го настапот на нашата Калиопи :

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

Ceca Pomal

16426532 421962608135954 1248849644 N

16426800 10211012443882791 375250880 N

Koncert Boris

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012