54654

Кој ќе биде градот домаќин на Евровизија 2017-та во Украина?

 

Киев, Одеса или Днепар - на кого ќе падне изборот?


Од конкуренција за избор на град домаќин на Евровизија 2017 излегоа градовите Харов, Херсон и Лавов. Сепак, како што истакнува Викторија Романова, заменик генерален директор на НТУ и шефица на евровизиската делегација на Украина, ниту еден од шесте иницијално пријавени градови не ги исполнува 100% зададените услови, но сепак има подрачја на кои треба и понатаму да се работи.

 

KieviliOdesailiDnepar1

 

Меѓутоа, после внимателно разгледување на понудените пријави, арената, безбедносната ситуација, достапноста на хотелските капацитети, аеродромите, финансиската издржливост и сл., работната група се определи во понатамошната “борба“ за град домаќин да продолжат три градови.

 

KieviliOdesailiDnepar2



Киев и понатаму се смета за главен фаворит, а за фаворит од сенка се смета Одеса, додека Днепар полека почнува да се наметнува како сериозен кандидат, со оглед на тоа што градските власти најавуваат завршеток на големата арена EuroArena, која беше планирана за EuroBasket 2015, чиј капацитет би бил 9,500 гледачи.

 



Киев има две опции за арена, Palace of Sports (10,000 гледачи) која беше домаќин на Евровизија 2005, и Интернационалниот конгресен центар кој има капацитет од 13,000 гледачи, но сепак се смета за резервна арена.

 



Одеса го понуди Chornomorets Stadium кој би требало да добие покрив доколку самиот град биде избран за домаќин. Неговиот капацитет изнесува од 10,000-12,000 гледачи.

 

 

Дани | ТВ Пакет

Pivo Baner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012