54654

Мартија заврши на 12.то место од вкупно 17 учесници на Евровизија

 

Ѕвездичките не успеаа - Македонија на 12-то, Србија на последно место

 

На овогодишното издание на детската Евровизија, нашата земја го освои 12-тото место. Нашата претставничка Мартија Станојковиќ од Куманово со песната "Love will lead our way" не успеа да ја освои европската публика и жири. Од возрасното жири, успеавме да освоиме само 17 поени, додека победничката песна на Грузија освои 156 поени. Од детското жири освоивме нешто повеќе, вкупно 24 поени.

 

Martijadetskaplasman

 

Инаку, ова е трета победа за Грузија во досегашните 14 години постоење на овој европски фестивал на детска песна. Таа победи во 2008 година, 2011 година и сега во 2016 година.

Најдобар пласман на Македонија било петтото место. Иако многумина веруваа дека оваа година ја имаме победничката песна, сепак тоа не се случи. Во продолжение проследете го настапот на нашата ѕвездичка :

 

 

Поради забраната од ЗАМП за емитување на македонска музика, песната на Мартија не ја доби заслужената промоција во матичната земја. Гледачите на телевизија и слушателите на радио беа лишани од можноста да ја слушнат евровизиската песна на девојчето феномен. Покрај тоа, преносот на детската Евровизија не се вршеше на МТВ 1, туку на нејзиниот собраниски канал.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012