54654

Дали Македонија нема да учествува на Евровизија 2018?

 

Интересно е зошто МРТ одлучи да учествува на годинешната детска Евровизија во ноември и ја испрати Мина Блажев во Тбилиси, Грузија, а се откажува од главниот настан во Лисабон кој е веќе традиција од 1956 година.

 

1652411 Orig

 

Македонија како учесник нема потврдено свое учество во Лисабон во мај 2018 и е единствена од регионот со исклучок на Босна и Херцеговина која најверојатно нема да учествува на Евровизија.

Која е причината за тоа, никој не знае, бидејќи МРТ ја нема информирано јавноста зошто учествува на детската Евровизија, а зошто нема да учествува во Лисабон во мај.

Во Србија после подолго време одлучено е нивниот претставник да се избира на Беовизија, од каде се појавија хитовите на Жељко Јоксимовиќ во 2004 и победата на Марија Шерифовиќ во 2007.

Дури и познатиот хрватски избор Дора се најавува дека после подолго време ХРТ размислува да го врати во Опатија.

Грција побара од музичките компании да испратат свои предлози за потенцијални учесници.

Дали откажувањето од учество во Лисабон се слабите резултати во последните години?

 

9120750 Orig

 

Слаби резултати имавме и на детската Евровизија, но сепак учествуваме. Веќе подолго време Албанија, Црна Гора, Швајцарија и Словенија не можат да влезат во финале, па сепак прават обиди нешто да сменат или едноставно учествуваат и сметаат дека треба да се присутни на овој музички натпревар. Минатогодишниот победник Португалија со години не влегуваше во финале и никогаш немале топ 5 пласман, но минатата година победија и ја освоија Европа. И други земји како Финска, Исланд, Холандија, Белгија не секогаш влегуваат во финале, а земјите победнички како Латвија во 14 години, 7 пати не биле во финале, а Естонија дури 9 пати. Бугарија пак е класичен пример на земја која немаше успех за влез во финале и од 2004 година само еднаш биле во финале, но затоа во 2016 година беа 4-ти, а оваа година во Украина завршија на 2-то место.

 

Esma And Lozano

 

Во случајот со Македонија, сите фанови од Европа се разочарани кога песната која сме ја избрале ќе ја упропастиме со лоша сцена која е или празна и која во однос на останатите делува неинвентивно. Тоа се забелешките на присутните новинари веднаш по првите проби. Оние кои се одлучиле за силни балади немаат потреба од сцена која ќе предизвика внимание, но забелешките на евровизиските фанови се неверојатно исти: кога Македонија има добра песна ја упропастува со лоша сцена, а има и случаи кога Македонија испраќа песни во кои се екпериментира со различни жанрови и се добива песна која многумина не ја разбираат.

 

170511 Jana Burceska

 

Без разлика на се, останува нејасно зошто Македонија нема да учествува, бидејќи на споменувањето на сајтот eurovoix.com дека Македонија ќе учествува МРТ испратиле информација која eurovoix.com ја објавува на нивниот твитер профил на 22 септември, а која гласи: МРТ му потврди на eurovoix.com дека учеството на Евровизија не е потврдено.

 

Eurovoix

  

10 октомври денес е последниот ден кога некоја земја може да се откаже од учество без притоа да плати финансиски пенали за своето откажување подоцна.

Воопшто не е јасно зошто МРТ молчи за ова, или учествува или не, сепак јавноста има право да го знае тоа, бидејќи за еден месец Мина Блажев ќе ја претставува нашата земја на детската Евровизија.

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012