54654

Тино го прифати предизвикот – „Урбан таг“ со нова сезона на ТВ 21

 

Од понеделникот (18-ти декември) започна да се емитува новата сезона на забавниот магазин „Урбан таг“ на фреквенцијата на телевизија 21.

 

Urban Tag Nova Sezona

 

Забавниот магазин се емитува од понеделник до петок со почеток во 17:05 часот, а во новата сезона покрај освеженото студио кое е во празничен амбиент, јавноста ќе гледа и нов водител – Валентин Петрески Тино.

Во изјава за ТВ Пакет, Тино вели дека добил понуда која не можел да ја одбие.

- Ова беше предизвик и покана која не можев да ја одбијам, па со целосна доверба кон целиот тим и пред се одговорните од Тв 21 ја прифатив. Се надевам дека ќе си го оправдам истото, така што ова е само почеток на новото издание на Урбан таг. Ќе се обидам да бидам тоа што сум и на свој начин да разговарам со гостите на сите теми, открива Тино.

„Урбан таг“ ќе им приреди топло попладне на гледачите, а ќе ги пренесува и најважните новитети од Македонија и светот.

- Нема ограничување на гостите, важно е дека треба да им приредиме едно топло попладне на гледачите по работните обврски. Верувам дека ќе има многу моменти за паметење. Дополнително ќе бидеме подготвени да ги пренесеме и сите новитети од кај нас и странство, па верувам дека ќе биде убава комбинација, додава Тино.

 

 

 | ТВ Пакет

 

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012