54654

The Shoe People - враќање во минатото

Chevli

 

"The Shoe People" е анимирана телевизиска серија чија премиера се случи во април, 1987-та година, на каналот TV-am. Продадена е во повеќе од 62 држави низ светот, меѓукои и Македонија каде беше преведена како "Чевлички", а инаку потекнува од Велика Британија. "The Shoe People" е прва серија што доаѓа од Западот, а е емитувана во поранешниот Советски Сојуз, каде постигнува толку голема популарност што успева да продаде дури 25 милиони примероци на книги со истиот наслов. Креирана е од Џејмс Дрискол, кој изјавил дека инспирацијата за шоуто ја добил кога сфатил дека стилот и изгледот на чевлите на луѓето, зборуваат многу за нивните сопствени карактеристики. Се прашувал какви приказни можат чевлите да раскажат од периодот кога биле нови, па се до оние моменти кога постепено се уништувале, и така се родила идејата за оваа популарна анимирана серија. Работена е една година, се состои од 26 епизоди со времетраење од по 5 минути. Прекрасната насловна нумера The Shoe People е напишана од Џастин Хеивард, истата можете да ја преслушате подолу во линкот. На Македонската радио-телевизија, "Чевлички" се емитуваше со македонска надсинхронизација.

 

The Shoe People Title The Shoe People 7473774 320 250

 

 Приказната зборува за една продавница за чевли каде воедно и се поправаат уништени чевли. Таму постои една соба каде се складираат сите чевли што не можат да се поправат и оние по кои не доаѓаат сопствениците. Магијата започнува во моментот кога мајсторот ја затвора вратата од собата за складирање, што испушта прашина од која чевлите магично добиваат живот. Гласовите на анимираните чевли се позајмени од двајца актери, еден за машките и една за женските ликови.

 

 

Originalw

 

600full The Shoe People Screenshot

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012