54654

Човечиња - враќање во 1992-та година

Ch3

 

"Чудовишта во нашиот град" е костумирана серија за деца и млади произведена во продукцијата на Македонската радио телевизија во 1992-та година, вистински хит за периодот во кој таа се емитуваше, а воедно и еден од најдобрите проекти на македонската телевизиска продукција кој ке се памети со години.

 

Chudovishta

 

Проектот за пошироката публика беше познат како "Човечињата", позитивните суштествата беа така наречени од страна на оние негативните што ги гонеа и сакаа да ги изедат. Проектот беше одработен од актери што и денес важат за едни од највлијателните имиња во македонската телевизиска индустрија. Игор Џамбазов, Гоце Тодоровски, Владимир Дади Ангеловски, Ѓорги Колозов, Ванчо Петрушевски, Димче Мешковски и Синоличка Трповска беа само дел од актерите што им дадоа живот на ликовите Борила, Гази, Црниот Нерт, Баба Рога, Јанкула и други.

 

Ch2

 

Вреди да се спомене и дека серијата е исто така позната по фразата на капетанот Јанкула која гласеше: "Тигрови мои морски, лавови океански...", таа служеше за охрабрување на останатите човечиња во моментите кога требаше да се сретнат и пресметаат со таканаречениот Црн Нерт!

Мини серијата беше емитувана во десет едночасовни епизоди.

 

 

Ch4

Ch5

Ch6

Ch7

Ch1

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012