54654

Були, були...


 

Сина шапка, црвен шал и црвено носе, тоа е Були.

Bbbb

 

"Були" е анимирана телевизиска серија продуцирана во Франција од 1989-та до 1991-та година. Приказна во серијата ја започнува месечината, која магично им дава живот на снешкото Були и неговите снежни пријатели, а воедно и ги штити од топење. Овие снежни и слатки суштества живеат во живописното село кое е скриено во една шума. Мотото на главниот лик во оваа приказна, Були, е да биде добар со сите, да им помага на сите, да се смее и да ги вклучува своите пријатели во различни активности и авантури, како што се морските патувања, скијањето, уметничкото лизгање, готвењето, танцувањето и што уште не.

 

Bouli

 

Во минатото, децата беа вљубени во ликовите од оваа серија, секој од нив беше специфичен и препознатлив на свој начин. Од многуте снешковци ги издвојуваме морнарот, фудбалерот, тенисерот, готвачот, трговецот и двајцата најверни пријатели на Були - девојката Були и големата мечка која обожува јаде торти.

 

 

Франзуците оваа серија премиерно ја гледаа во 1989-та година, додека Македонците и Ирците ја запознаа во доцните деведесетти. Серијата се емитуваше и во други држави меѓукои и Израел, но сепак во базата на податоци, Франција, Македонија и Ирска се потенцирани како држави кадешто "Були" доживеала најголем успех. Успехот на овој проект предизвика и неколку репризни емитувања на сите епизоди и во сите држави. Веднаш потоа, во 2000-та година Франција одлучува да издаде VHS и DVD издание. Како и сите останати детски програми во тоа време, МТВ и оваа ја надсинхронизираше на македонски јазик.

 

Boulit 

400full




 Chris | ТВ Пакет

 

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012