54654

Најголемиот сеирџија!

Jerry 444

 

Време е за ново освежување на вашата меморија. Пред неколку години на Македонската радио-телевизија сите го запознавме Џери Спрингер, американски шоумен кој ужива да гледа како гостите во неговото шоу меѓусебно се тепаат. Реално, бев премногу мал кога ова спектакуларно шоу се емитуваше во Македонија, моите не ми дозволуваа да го гледам, тоа го правев скришум, па затоа морав да се обратам кај Википедија за некои факти околу него. Се изненадив кога дознав дека истото датира уште од далечната 1991-ва година и опстојува се до денес. Таблоидното talk show смени неколку продуценти досега, но водителот тука е домаќин повеќе од 20 сезони. Шоуто претежно е создадено за дисфункционалните фамилии, тие влегуваат во студиото и пред милионската публика дискутираат за приватните проблеми, но наместо да ги решат проблемите, тие пред камерите уште повеќе ги влошуваат меѓусебните односи, речиси нема епизода во која публиката не е сведок на неколку спонтани тепачки. Џери Спрингер е незаменлив, а моментите од неговото шоу се незаборавни, во линкот подолу гледаме како домаќинот ги одбележа дваесетте години од постоењето на шоуто. Во прилогот се издвоени највпечатливите тепачки.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

Dejavu Baner

Bannerprimetime

PvD 300x300

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012