54654

Вечерва нашиот Боби ќе се бори за влез во финале на „Икс фактор“

 

Вечерва во 21 часот на Сител - борба за финале

 

Пред големото финале на регионалното музичко шоу "Икс фактор" кое ќе се одржи следната недела, на 21 јуни со почеток во 21 часот, вечерва се одржува уште една полуфинална емисија во која кандидатите ќе се борат за влез во финале. Планирано е вечерва да отпаднат уште двајца од икс факторите и вкупно шестмина да обезбедат пласман во големото финале.

 

Bobi1


Деветмината кои вечерва ќе се борат за финале се нашиот Боби Мојсовски и Антонио (од групата на Александра), 9 Control, Highway trio и Аднан и Тарик (од групата на Тончи), Ива и Магдалена (од групата на Жељко) и Амел (од групата на Масимо).

Откако минатиот понеделник излезе македонскиот учесник Давид Темелков, остана Боби Мојсовски како единствен кандидат од нашата земја. Боби на македонската публика е познат по учество во "МК Талент" со Драган Вучиќ, а вечерва тој се бори за влез во финалната емисија, во која специјален гостин ќе биде Џејмс Артур.

На социјалните мрежи, Боби повика неговите фанови да гласаат за него вечерва со испраќање на СМС порака со текст 14 на 141 345.

 

Bobi2

 

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012