54654

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #053 & 054

#53то продолжение

 

 

            Со двете дланки, Себастијан го покри своето лице. Одеднаш се имаше смисла. Беше приведен за убиството на сопругата на Сантос.

-       Единствен начин да се спасиш од оваа ситуација ти е сведок кој ќе потврди дека ти не сси ја убил Перла Сантос.

Себастијан веднаш помисли на Каталина. Само таа ја знаеше вистината бидејки беше крај него во тие мигови. Но, не, не смееше да ја меша Каталина во ова.

-       Ме слушаш ли, Себастијан? Те прашувам дали имаш сведок?

-       Да, една девојка... но не сакам да ја мешам неа во ова.

-       Зарем не сфаќаш во колку сериозен проблем си? Дека можеш да бидеш осуден?

 

 

Мануел пишуваше маил на својот лаптоп во канцеларијата, кога влезе Алекс.

-       Ева рече си ме барал.

-       Да, влези. Веќе неколку недели си во компанијата и да бидам искрен, гледам човек од доверба во тебе.

-       Благодарам, шефе.

-       Имам големи планови за тебе, Алекс. За почеток ќе те внесам во еден проект на кој работиме па ќе видиме...

-       Благодарам, шефе, - низ широка насмевка повторуваше Алекс.

-       Не ми заблогодарувај. Сакам кога луѓето кои работат за мене се покажуваат на дело.

Во тој миг во канцеларијата влезе Каталина. Се извини што ги прекинува, но Мануел ја извести дека завршиле со разговорот. Алекс ја поздрави срдечно и ја напушти канцеларијата.

-       Ја добив твојата порака утрово, - почна Каталина, гледајки го во очи својот вереник. – Извини, сум заспала и не успеав да ти се јавам.

Немаше храброст да му каже за она што и се случи минатата ноќ, ниту да го извести за посетата на Себастијан.

-       Не ти е прв пат да легнеш без да ми се јавиш, Каталина. Понекогаш помислувам дека сум човек со најголемо трпение на светот.

-       Извини, не знаев дека тоа толку ќе те погоди...

-       Да, но сепак го правиш тоа. Што е проблемот со тебе, Каталина? Не ме сакаш? Не си повеќе заљубена во мене?

-       Мануел, од каде ова сега?

-       Кажи ми ти, Каталина. Со години се забавуваме а со месеци сме верени. Немаме датум за свадба бидејки за тебе сеуште е рано. Не ме сакаш повеќе? Признај!, - Мануел ја раскопча кошулата, чувствувајки како се гуши.

Каталина стоеше пред него, несвесна од каде ваквиот бран на напад од негова страна.

-       Мануел, те молам не се вознемирувај и диши длабоко...

-       Што е? Не сакаш да се омажиш за мене? Имаш друг? Признај!

-       Не е тоа...

-       Тогаш кажи ми кога?! Јас не можам да чекам повеќе и да изигрувам имбецил пред татко ми, пред пријателите, пред вработените. Ако сакаш да бидеш моја сопруга, кажи ми кога? Кога ќе се венчаме? Во првата сабота од нардниот месец?

-       Да, - низ заби процеди Каталина, не можејки да ги издржи солзите од притисокот.

Мануел ја зеде силно во својата прегратка. Ја држеше така неколку секунди додека не дојде при себе. Конечно имаа датум. Првата сабота од месецот кој доаѓаше. Тогаш, Каталина ќе биде негова сопруга.

 

 

 

***

-       Веднаш ќе ја известам доња Мерседес дека сте тука, - Марта го извести младиот психолог Висенте, откако тоа претпладне дојде во вилаа на фамилијата Урисотеги на сеанса со Мерседес.

-       Ти благодарам, Марта.

-       Седнете и раскомотете се.

 

 

Во меѓувреме, Мерседес црташе на белото платно во својата соба. Црташе пролет. Зеленило. Крошни со зелени лисја. Сонце.

-       Одлично, Мерседес. Одлично, - ја пофали Дијана која стоеше на страна во собата и ја набљудуваше. – Гледам дека кога сте мирна како денес, се ви оди од рака.

-       Точно.

-       Мерседес, знаете ли кој ден сме?

-       Никогаш не знам кој ден сме, - низ блага насмевка одговори жената која живееше затворена меѓу четири ѕида и навистина немаше потреба да ги знае деновите, ниту датумите во месецот.

-       Денес е среда,  - додаде болничарката. – А знаете ли што се случува во среда? Поточно секој понеделник, среда и петок?

-       Доаѓа Висенте, - како разбудена од сон се сети Мерседес.

-       Токму така. Но, не немојте да бидете нервозна. Никој не ве присилува да го гледате.

Висенте си даде дозвола да се качи до собата на Мерседес идејки помина некое време како што беше дојден во куќата. Наслушна како болничарката зборува со неговата пациентка, па застана на прагот.

-       Терапијата на Висенте нема подобрување кај вас драга Мерседес. Мој совет е да не доаѓа повеќе.

Во тој момент, Висенте гласно го прочисти грлото и влезе во собата, правејки се дека не слушнал ништо.

-       Како сте денес, Мерседес?

 

 

Во текот на работното време, Каталина доби посета од Ана, стјуардесата која работеше во приватната фирма на Себастијан. Ана брзо прејде на она за што беше дојдена и ја извести Каталина дека Себастијан е во притвор.

-       Во притвор?, - крикна младата жена, држејки се за градите. – Себастијан е во притвор?

-       Да, го испитуваат за убиството на Перла, сопругата на Браулио Сантос. Но, освен Себастијан само ти знаеш дека жената на Сантос беше мртва кога дојдовте во куќата. Но, Себастијан не сака да те спомне како сведок бидејки те штити. Но, ти си единствената која може да го извади од таму. Се што треба е да ја кажеш вистината.

 

 

 

Луз погледна на рачниот часовник. Беше реиси пет часот, време кога во секој момент требаше да се врати Алекс од работа. Сакаше да го изненади тој ден и го подготви неговото омиено јадење во кујната со помош на Марта. Имаше вест која сакаше да му ја соопшти на свечен начин. Слушна како се отвара влезната врата и потрча со престилката да го пречека.

-       Добар ден, љубов моја. Оди истуширај се а јас ќе и речам на Марта да ја постави трпезата за ручек. Денес, јас лично подготвив ручек за мојата љубов.

-       Не сум гладен, Луз, - дрско ја прекина Алекс.

-       Што ти е?

-       Не сум расположен. Или немам право да бидам ваков бидејки живееме во куќата на твоите родители? Јас овде немам право да бидам нерасположен, немам право на збор?

-       Не те разбирам, Алекс. Од каде сега ова. Никогаш не сум направила да се чувствуваш вака.

-       Каде ми е синото сако?, - праша кога влезе во спалната соба и го отвори плакарот.

-       Го однесов на хемиско.

-       Си го однела на хемиско без моја дозвола, глупачо?, - извика дрско замавнувајки и силна шлаканица.

Луз се затетераве и падна на подот држејки се за страната каде што ја удри.

-       Како можееже да ме удриш? Како можеше да ја удриш жената која чека твое дете?

 

 

 

Себастијан се движеше низ келијата како тигар во кафез.  Никако не сакаше да го спомене името на Каталина како доказ за својата невиност. Во размислувањата го прекина една светлина од ходникот и звукот на отварањето на решетките.

-       Себастијан Ламас, ослободен сте од притвор, - како низ бунило го слушна гласот на чуварот.

 

 

Емператриз влезе во канцеларијата на Мануел и го начека со инхалаторот во рака. Ја затвори вратата од просторијата и му пријде со предупредување.

-       Најмалку што сакам е твоите лични проблеми да ги пренесуваш на работа.

-       Што знаеш ти за моите лични проблеми?, - дрско ја праша Мануел.

-       Знам дека имаш астма. А секој пат кога добиваш напад на астма е поради некои твои лични проблеми. Не сакам тоа да те спречи од фокусот на она што во моментов ние важно.

-       Од каде ти знаеш што мене ми е важно во животот, Емператриз?

-       Истото што и мене ми е важно. Оваа империја да биде наша еден ден. А како најлесно ќе дојдеме до тоа? Така што ќе го искористиме отсуството на Себастијан. Имам план и ја имам подршката од Надија.

 

 

Себастијан излезе од дворот на полициската станица. Повторно беше слободен и можеше да почувствува како воздухот вибрира во неговите гради. Кратко беше затворен, но доволно да сфати колку ја сака слободата и колку не може да живее без неа. Пред станицата го забележа паркиран автомобилот на Каталина. Го чекаше со отворен прозорец.

-       Што направи?, - ја праша кратко.

-       Само ја исполнив својата должност.

 

001eav

 

#54то продолжение

 

 

Откако беше ослободен од притвор, Каталина го зеде Себастјан со својот автомобил и заминаа на ручек во еден отворен рибен ресторант во Поланко.

-       Кој ти кажа дека сум во притвор за да дојдеш?, - ја праша отворено, откако нарачаа за јадење.

-       Не е важно, - одговори Каталина земајки голтка од чашата со вода.

-       Што има кажа за да ме солободат? Им кажа дека сме ја нашле мртва жената на Сантос кога дојдовме таму? Што друго им кажа, Ката?

-       Се. Се што беше неопходно за да те ослободат. Се што се случи меѓу нас од првиот миг кога се сретнавме во авионот.

-       Но, зошто?

-       Како зошто? Бидејки ти немаше да отвориш уста за да ме заштитиш.

-       Во секој случај јас ќе најдев начин да излезам. Не можеа да ме држат долго без докази.

-       Да, но јас ќе се презирав до крајот на животот ако не направев нешто.

-       Што ако дознае Мануел за нас?, - ја праша Себастијан гледајки ја директно во очи.

-       Не ми е важно, - одговори Каталина како во бунило.

-       Молам?, - збунето ја праша Себастијан.

-       Нели гледаш колку многу те сакам? Дотрчав како луда да те одбранам во првиот моемент кога дознав дека си затворен. Смачено ми е постојано да бидам маринетка во животот на другите, смачено ми е постојано да ми кажуваат што треба да направам...Сакам да направам нешто што никогаш не сум го направила. Сакам да летам слободно, - додаде таа низ насмевка.

-       Да леташ?

-       Да. Ти го имаш слободен својот кингер, попладнево?

-       Мислам дека да...

-       Тогаш да одиме, Себастијан. Ајде да летаме заедно. Сакам да ме научиш да летам.

-       Сега?

-       Да, сега, - потврди таа притискајки му ја раката.

-       Но, нарачавме јадење...

-       Не сум толку гладна, - додаде низ налудничава насмевка, стана од масата, го повлече за рака и двајцата го напуштија ресторанот.

Влегоа во нејзиниот автомобил несвесни дека беа следени од будното око на Диего, новиот телохранител на Лусијано Ламас.

Диего го извади својот мобилен телефон од џебот и го заврте бројот на Емператриз.

 

 

Алекс ја повлече Луз за нејзината коса кон себе. Младата жена не можеше да ги сопре солзите, додека нејзиниот сопруг насилно ја влечеше по собата. Трпеше не сакајки да бара помош и да ја вознемири болната мајка.

-       Јас не го сакам тоа дете! Јас не барав да ми родиш дете!, - и повторуваше Алекс со налудничав сјај во очите.

-       Мислев дека ќе те израдува новоста. Дури и ти подготвив ручек за да ти соопштам...зошто ми го правиш ова? Зошто ме тепаш? Што ти стана?

-       Реков дека не сакам дете и точка! Рано наутро ќе отидеш на клиника и ќе се исчистиш? Дали сум јасен? Одговори ми дали сум јасен, Луз?

Во страв и паника, Луз потврдно кимна со главата. Тој конечно и ја пушти косата и ја напушти собата оставајки ја во агонија, солзи и болка.

 

 

 

Небото беше црвено додека сонцето заоѓаше зад ридот. Каталина седеше на копилотското место во малиот кингер, а до неа седеше Себастијан. Го слушна првото брмчење на моторт и го погледна со насмевка.

-       Ќе ми помагаш ли да управувам?, - ја праша со сјај во очите.

-       Само ако ми дозволиш, - рече таа потпирајки ја својата глава на неговото раме.

Звукот на моторот стануваше се посилен како се подготвуваше за полетување. Набрзо леталото се подигна во воздух. Откако постигнаа одредена висинана летање, Себастијан нежно ги зеде рацете на Каталина и ги псотави на управувачот.

-       Сакаше да те научам да леташ...летај, - и рече.

Каталина почувствува морници по целото тело. Ги држеше рацете на управувачот и одржуваше леталото да лета со одредена брзина. Наплив на адреналин и го преплави целото тело. Летаа кон црвеното сонце пресекувајки ги облаците. Го чувствуваше неговото врело тело прилепено за своето и сфати колку многу го посакува. Колку многу го посакуваше сето ова време. За момент го дефокусира својот поглед и погледна во неговите очи. Неговите темни, костнливи очи во кои се рефлектираа краците на сонцето во залез. Летаа, летаа слободно за прв пат во животот летаа заедно.

 

 

            Емператриз заврши со телефонскиот разговор и се врати назад во канцеларијата на Мануел.

-       Дојдов само да ти кажам дека во овој момент твојата слатка вереница е заедно со твојот сакан брат.

-       Што зборуваш? Не е можно, - Мануел одбиваше да поверува во приказната на неговата маќеа. Го зеде телефонот и го заврте бројот на Каталина. Беше недостапна. Доби напад на астма. Посегна по својот инхалатор и го принесе до устата.

-       Кој би рекол дека твојата сакана вереница ти набива рогови со рдоениот брат?,- Емператриз само додаваше масло на оганот.

-       Излегувај! Излегувај не сакам да те видам, ѕверке!

 

 

Лусијано ги напушти канцелариите на компанијата нешто по седум часот тоа попладне. Се упати кон паркнигот каде што беше неговиот автомобил, кога слушна нечиј глас како го довикува. Се заврте и забележа тројца мажи, од кој едниот држеше пиштол го заобиколуваат. Во тој миг, од лифтот излезе Ева, долгогодишната секретарка. Го бараше својот газда да потпише некои документи пред да замине, па се понадева дека ќе гонајде на паркингот. Се преплаши кога забележа како непознати мажи го туркаат во неговиот автомобил.

-       Дон Лусијано!, - крикна на глас.

-       Не приоѓај, Ева. Вооружани се, - ја предупреди Лусијано

Едниот од киднаперите го зазема возачкото седиште, а другите двајца го држеа Лусијано на задното седиште.

Ева со растреперени раце посегна по мобилниот телефон и се јави во полиција.

 

 

Тетеравејки се, Мануел излезе од својата канцеларија и пријде до бирото на својата секретарка.

-       Знаеш ли каде е Каталина?

-       Не, дон Мануел. Замина пред неколку часа но не ми кажа каде ќе оди. Истрча од канцеларија со една девојка која дојде по неа.

-       Која девојка? Како се претстави?

-       Како Ана. Пријателка на Себастијан.

Во тој миг, од лифтот истрча Ева. Задишана и видно вознемирена пријде до Мануел.

-       Дон Лусијано...дон Лусијано...Ве молам, сторете нешто. Тројца мажи...јас ги видов. Имаа пиштол...го ставија во автомобилот...

Силното врескање на секретарката ги вознемири околните сектори, меѓу нив и Емператриз.

-       Што се случило, Ева?

-       Дон Лусијано е киднапиран! Ве молам, сторете нешто.

 

 

Откако завршија со краткиот лет меѓу облаците, Каталина му дошепна на Себастијан додека слетуваше да не ја враќа дома. Се качија во нејзиниот автомобил и се упатија кон блискиот хотел. Земаа клуч од собата и се упатија кон скалите. Во собата на здела ги чекаа свежи јагоди и шише шампањ со две кристални чаши. Ја затворија вратата зад себе и се гледаа некое време во очи.

-       Сигурна си дека сакаш да го направиме ова?, - ја праша.

-       А ништо не сум била посигурна, - прошепоте таа, слекувајки ја својата кошула. Откако остана да стои пред него по елече, со своите студени прсти посегна да ја соблекува неговата кошула. Наскоро тој стоеше пред неа босоног, со голо торзо и раскопчани фармерки, сипувајки шапмањ во двете чаши додека таа посегна по јагодите. Принесе една овошка до неговата уста и тој ја преполови јагодата на половина со своите цврсти заби.

-       Те љубам, Каталина, - како низ сон одекнаа неговите зборови во нејзината глава.

Со својата десна рака посегна по нејзината брада и ги принесе своите усни до нејзините. Набрзо нејзините гради се прилепија за неговите чувствувајки ја неговата ерекција како пробива од фармерките. И ги подигна нозете и ја стави на својата половина, низ бакнежи носејки ја кон креветот каде што ја спушти нежно како капка роса. Ги слече нејзините панталони, па нежно со забите ги повлече и нејзините гаќички. Неговите раце си играа со нејзините брадавици, додека таа ги зриваше своите нокти во неговиот грб уживајки во секој миг. Премина преку неговиот врат и ги стави своите прсти во неговата густа коса, па го побара неговиот поглед.

-       Ми требаше...Ми требаше цело ова време, - прошепоте во екстаза.

Ја љубеше по целото нејзино тело како божество. Безмилосно и крадеше бакнежи од вратот, преку стомкот се до нејзиниот клиторс. Каталина се обидуваше да остане трезна, но неговите допири беа како вино од кое нема враќање назад по првата пробана готлтка. Откако компелтно го опушти нејзиното тело, со својата силна ерекција пројде во нејзината внатрешност, праевејки ја да дише забрзано.

Посегна по неговите усни и му ја прегриза долната силно, практично раскрвувајки го, додека длабоко продираше во неа. Беше како фантазија, како најубав сон од кој не сакаше никогаш да се разбуди.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012