54654

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #057 & 058

#57мо продолжение

 

 

               

Oткако Себастијан го ослободи својот татко  и со себе ги зедоа парите за откуп, го заврза киднаперот за еден столб во хангарот.

Набрзо на местото се појави Алекс. Водејки се од идејата дека неговото салдо ќе биде зголемено за милио долари, наиде на неуспех.

-       Добро е што дојдовте, шефе, - гласот на киднаперот трепереше. – Пропадна планот...

-       Што се случи?, - мирно праша Алекс.

-       Се започна во најдобар ред. Оној што куца дојде прво и ги остави парите на договореното место. И одендаш, од никаде се појави еден висок маж со пиштол...Бараше да го ослободам старецот и ги зеде парите. Потоа двајцата заминаа со мотор и ме оставија вака. Те молам, одврзи ме шефе.

-       Велиш замилнале на мотор? Ги земаа парите?

-       Да. Што требаше да направам? Ми се закани со живот...

Алекс само ги затвори очите и посегна по својот револвер од појасот. Со два истрели го застрела киднаперот и го остави без живот. Пукотниците одекнаа во напуштениот хангар.

 

 

            Каталина влезе во семејната куќа, откако Марта ја пушти внатре и замина да ја побара Луз. Пријде до каминот каде што стоеше семејна фотографија од неа, Луз, мајка и и татко им снимена пред повеќе од петнаесет години. Очите на Каталина се исполнија со солзи. Толку многу сеќавање имаше во таа куќа.

 

 

***

           

-       Зошто сите овие години живеевте двоен живот, госпоѓо Мерседес?, - нареднто утро, Висенте ја праша својата пациентка за време на сеансата. – Зошто сакавте да веруваат дека вашата сестра Софија е жива?

-       Никогаш не заборавив как умре...начинот беше толку нечовечки. Си го одзема животот практично пред моите очи...поради него. Затоа сакав да страда. Да го измачува нејзиниот дух бидејки само Рафаел беше виновен за смртта на Софија. Затоа ми е драго што го нема.

Висенте како да подрипна од својата столица кога ги слушна ваквите зборови.

-       Вие знаете? Знаете дека Рафаел е мртов?

-       Долго време не ги пијам таблетите кои Дијана ми ги дава, Висенте. Знам многу повеќе нешта отколку што мислите дека знам, - со фокусиран поглед во далечина мистично му одговори Мерседес.

 

 

 

Лусијано гледаше во ноќта без месечина преку својот прозорец во библиотеката, кога влезе Емператриз, откако тој прати по неа.

-       Роси рече дека си сакал да зборуваш со мене.

-       Го добив извештајот од банката, - ноншалантно и смирено започна Лусијано, покажувајки на фасциклата на бирото пред него. Денот кога ме киднапираа, Мануел повлекол два милиони долари.

-       Каква врска имам ја со тоа?

-       Очигледно мојата фамилија сакала да ја задржи таа сума со изговор дека платила откуп на киднаперите.

-       Не мислиш дека јас сум вмешана?

-       Никој не рече ништо такво, драга. За три дена славам роденден. 65 години. По тој повод сакам сите да присуствуваат на големта забава кај Лусијано Ламас. Тоа ќе биде ноќ за паметење. Ноќ кога ќе паднат маските.

 

 

 

 

 

Како што имаше ветено, роденденската прослава на Лусијано Ламас беше во полно светло. Стотиците поканети уживаа во забавата на отворено во градината, додека Лусијано го повика постариот син на разговор во библиотеката во куќата.

-       Себастијан, те повикав на страна бидејки сакам да зборувам со тебе за моите одлуки.

-       Какви одлуки?

-       Сакам да ми помогнеш виновниците да платат за своите дела.

-       Немаш никаков доказ за тоа, татко.

-       Не ми треба никаков доказ. Ако сметам на тебе, не ми требаат докази.

 

Лусијано застана на платото каде што музичарите ги забавува гостите. Замоли за внимание, па кога музиката престана погледна пред себе. Во првите редови беа неговите најблиски. Себастијан со Хисела и Агата, Емператриз и Мануел, Каталина со Луз и Алекс...

-       Почитувани, пред се’ Ви благодара што одвоивте време и дојдовте на оваа забава по повод мојот роденден. Понекогаш на човек му требаат 65 години за да увиди какви маски носат луѓето околу него. Но, вечерва сите ќе бидат демаскирани. Емператриз, Мануел...Велат дека ножот најмногу боли кога доаѓа од најблиските. Утрово зборував со мојот адвокат и направив радикална промена во мојот тестамент. Со непријатели како оние кои ги имам, не можам да знам уште колку ќе живеам. Но, оваа година не славам само љубилеен роденден. Со мојата драга сопруга правиме петнаесет години брак. Брак како и секој брак е исполнет со вистини и лаги, страст и предавства. Сакам да наздравам за мојот син Себастијан кој никогаш не побарал ништо од мене во животот. Сакам да наздравам за мојата верна пријателка Агата која секогаш ми беше подршка. И пред се’ сакам да наздравам за мојата внука за која го негирав постоењето сите овие години...Мојата внука која ќе биде целосна наследничка на се’ што имам.

Молк па шепотење помеѓу присутните. Сите очи беа вперени во големиот Лусијано Ламас.

-       Хисела ќе биде моја целосна наследничка кога ќе стане полнолетна, а до тогаш како нејзин старател ќе се води мојот син Себастијан. Споменав лицемерие, споменав маски...Пред мене гледам двајца со лажни имиња со кои работат и соработуваат мојот помлад син и мојата сопруга. Дијана Монсерат, скромна болничарка зад која се крие една амбиционза и распиана жена со име Надија Рохо и Алекс Понсе...скромен фоторгаф кој стана дел од мојата компанија. Фотографот чие име е Грегорио Алкосер, човек кој го бара меѓународната специјална организација за проневери во фирми.

Луз ја испушти стаклената чаша од раката. Одеднаш и се врати филмот во глава. На првата средба која ја имаше со Алекс, во ресторанот некој го нарече Грегорио. Алекс избувна...

-       Сакам да знаете, - додаде Лусијано. – Дека против двајцата се поднесени  кривични постапки и дека уште од утр ќе биде крената потерница против вас, -  гледаше во Дијана и Алекс. – А сега ми останува само да Ви посакам да уживате во остатокот од забавата. Музика.

 

 

 

Луз полека слезе по скалите од семејната куќа, држејки се’ за половината. Висенте стана, го остави своето мате’ на масичето и пријде до неа.

-       Добра си?

-       Да, да...Само почнува да ми се’ менува телото, претпоставувам тоа е нормално. Мајка само што заспа.

-       Да знам. И кажа за се’ што се случи сношти?

-       Не, - кратко одговори Луз, седнувајки крај него. – Но, тоа е страшно.

Во меѓувреме, низ вратата влезе Агата, видено изненадена што истата стои отклучена.

-       Дечки, како можете да седите со отоврена врата? Особено сега кога знаете што се случува, кога Алекс е во бегство.

 

 

Мануел немаше спиено цела вечер. Ја помина ноќта во својот атомобил, а кога се појави наредниот ден во Фалкон Ерлајнс, беше практично непроепознатлив.

-       Ева, направи ми кафе...силно. не ме гледај така! Мислеше дека нема да ме видиш повторно? Се’ лажеш! Ова е моја канцеларија! Моја! И никој нема да ме извади одовде.

-       Извинете, дон Мануел, јас само...Дон Лусијано нареди да ги испразниме вашите работи од канцеларијата.

-       Само мртов ќе ме изнесат од овде, пренесе му го тоа на големиот Лусијано Ламас, Ева!, - гневно додаде Мануел, влезе во својата канцеларија, седна на бирото и го извади инхалаторот од џебот.

 

 

Лусијано имаше мирно утро во градината на куќата. По бурната вечер каде што маските беа фрлени, уживаше во утринското кафе, кога болничарката пријде до него...

-       Кој ви даде дозвола да пиете кафе? На послугата и е строго забрането да...

-       Антонија, - со мирен тон започна Лусијано. – Мислам дека е време да си заминете од мојава куќа. Мене не ми е потребна вашата асистенција повеќе.

-       Сакате да кажете дека сум непотребна?

-       Не го реков тоа. Реков дека не сте ми потребна на мене. Антонија, видете, сега кога конечно се’ ослободив од лешинарите кои само ми го загорчуваа животот, сфатив дека ми следува период на мир и релаксација. Затоа сте слободна.

 

 

Себастијан го пиеше првото утринско кафе во станот, кога заѕвоне неговиот мобилен телефон со приватен број на дисплејот.

-       Како си, Себастијан?, - го слушна гласот на Дијана од другата страна на линијата.

-       Дијана? Сигурна си дека не си го погреишла бројот? Јас и ти немаме за што да зборуваме.

-       Имам нешто што очајно ти трреба. Твојата ќерка Хисела.

Себастијан се замрзна. Се обиде да си го врати филмот назад. Сношти по забавата заедно се’ вратија со Хисела во собата. Ја виде како си легнува со пижамите. Цела ноќ беше во станот. Не го напушти ни за момент, а сега...Сега нејзината соба беше празна.

-       Каде е Хисела?, - со крвави очи праша, притискајки го телефонот на увото.

-       Те чекам на железничката станица за еден час. Подготвена сум за преговори. Понеси милион долари во кеш и ќе ја имш назад...недопрена.

Линијата се прекина. Со растреперени раце го заврте бројот на Каталина.

-       Хисела е киднапирана...Дијана...Дијана ја киднапирала!

 

00Collage 100

 

#58мо продолжение

 

 

Емператриз излезе од лифтот на највисокиот кат на Фалкон Ерлајнс. Беше во слично издание како и Мануел. Несредена, со разбушавена коса, и истите алишта кои ги носеше претходната вечер. Секретарките се погледнаа меѓу себе.

-       Здраво, - ги поздрави како ништо да не било. – Каде е мојот посинок? Ми јави дека ќе биде тука.

-       Да, во неговата канцеларија, - одговори Ева, сеуште збунета.

 

Го затекна на своето биро, потопен во солзи. Многу пати во животот Емператриз го имаше сожалувано Мануел, но ништо до сега ја немаше трогнато како тој миг. Дали тоа беа солзи на каење?

-       Отвори ми се, - му рече приоѓајки до него, бришејки му ги солзите.

-       Татко и наредил на Ева да ја исчисти мојата канцеларија. Оваа просторија во која останував деноноќно за да не го разочарам. Се’ што правев правев само да не го разочарам. За да бидам како неговиот син миленик. Но, знаеш што ме боли најмногу? Тоа што Каталина е со него. Со мојот брат.

-       Освести се! Диши! Престани да се само сожалуваш. Не гледаш дека сето ова е твоја вина? Дека проблемот е во тебе? Цел живот се’ обидуваше да му се’ докажеш на Лусијано и не успеа! Твојата вереница побегна од тебе! Зошто? Бидејки си слабак. Кукавица!

-       Претсани да ми зборуваш така, - гневно извика Мнауел држејки ги рацете преку ушите.

-       Само ти ја кажувам вистината. Немаш повеќе пари, ни моќ, ни љубов...

-       Ти си распиана, Емператриз.

-       Не, само сум твојот ангел чувар. Секогаш бев.

 

 

 

Во една стара локомотива, во периферијата на градот, Дијана ја чуваше младата Хисела која сеуште не беше дојдена при себе.

Во меѓувреме, Каталина го сопре автомобилот пред старата железничка станица каде што и рече Себастијан. Излегоа од автомобилот и потрчаа кој старите вагони каде што Дијана им вети дека ќе ги чека со неговата ќерка.

-       Колку убав пар сте, - иронично ги дочека Дијана со вперен пиштол во двајцата.

-       Каде е ќерка ми? Каде е Хисела?

-       Не толку брзо, Ламас. Каде се парите?

-       Еве! До долар! Милион!, - рече Себастијан, вадејки го ранецот кој го носеше на себе. – Каде е ќерка ми?

-       Внатре. Спие како кукла.

-       Ќе одам да ја проверам, - рече Каталина и влезе во вагонот додека Дијана го зеде ранецот од рацете на Себастијан.

Хисела мирно спиеше на еден стар душек. И го провери пулост. Беше спор но дишеше нормално. Одеднаш слушана истрел од надвор. Крвта и се’ заледи. Помисли на најлошото. Истрча и ја виде Дијана застрелана со два куршуми директно во главата. Не и беше јасно како, бидејки Себастијан беше разоружан.

-       Себастијан, што се случи?

-       Мртва е, - одговори и самиот збунет. – Некој пукаше во неа, но не видов кој. Како е Хисела?

-       Хисела е добра.

 

Алекс стоеше на врвот од старата железничка станица на стотина метри далечина од местото каде што беше Себастијан со Дијана. Целеше да го убие наследникот на Ламас, но во тоа примопредавање на пари, ја погоди Дијана...

 

 

Полека, држејки ја за рака сојата помала ќерка, Мерседес слезе во дневната просторија на куќата. Долу во трпезаријата Висенте имаше подготвено италијанска храна за вечера.

-       Види кој реши да ни’ се придружи за вечера, - низ широка насмевка рече Луз водејки ја својата мајка кон салата.

-       Мерседес, не знаете колку ми е драго што ве гледам...

-       Исто и на мене синко. Ммм, мириса одлично...Лусесита ми кажа дека готвела за сите нас.

-       Само ми е жал што Ката и тетка Агата нема да можат да бидат тука и да пробаат од превкусните њоки.

-       Сакаш да ни соопштиш нешто мила?

-       Да, - помалку засрамено рече Луз. – Сега кога Алекс е завршено поглавје во мојот живот...решив да започнам нов почеток со Висенте. Долго разговаравме и тој нема проблем што чекам дете од друг.

-       Не можам да бидам повеќе среќна, - ликуваше Мерседес благословувајки ги двајцата.

 

 

 

Беше зајдисонце над градот, кога Себастијан се појави на врвот од старата железничка станица. Каталина замина со Хисела дома, но тој одлучи да открие кој пукаше во Дијана. Беше повеќе од свесен дека куршумите беа наменети за него. Во близина на една ливада го најде службениот автомобил на фирмата и немаше сомнеж дека е Алекс. Му пријде од зад грб и со силна тупаница по тилот успеа да го зашемети и да му го одземе оружјето од раце.

-       Значи сакаш да се тепаш?,  го предизвика Алекс.

-       Да, сакам да се тепам, но без ова, - одговори Себастијан, фрлајки го пиштолот преку кровот на зградата.

Алекс забележа стара шипка на подот и посегна по неа. Почна да замавнува во празен простор, целејки го Себастијан кој се бранеше. Но, во еден момент, замавна толку силно што го загуби тлото под нозете и рамнотежата. Со шипката удри во делот на оградата и падна од височина директно на пругата каде што проаѓаше товарниот воз секој ден во седум на пладне...

 

 

Со првото заоѓање на сонцето, Мануел се врати назад во својата канцеларија кога сите си беа заминати. Со себе во двете раце носеше две канти со нафта која ја посипа по целата канцеларија. Од делот на рецепција, до конференциската сала и на крајот својата канцеларија каде што помина најголем дел од животот.

-       Збогум...Збогум...Збогум империјо на Агата и големиот Лусијано Ламас. Збогум на големиот клан, на посветените луѓе кои само си закопаа нож зад грб. Збогум Фалкон!

Седна на своето место зад бирото откако ја посипа целата околина со нафта.

Пред да стори било што, посегна по својот мобилен телефон и го заврте бројот на Себастијан.

-       Здраво брате. Само да те известам дека се’ е готово.

-       За што зборуваш? Каде си?

-       Во Фалкон. Старата семејна фирма која наскоро ќе биде пепел.

-       Мануел, што правиш? Биди разумен и излегувај од таму. Слушај ме...

-       Не не сакам повеќе да ги слушам твоите лаги. Збогум Себастијан. Целиот живот ќе те следи мојот дух. Никогаш нема да останеш на мира, - беа последните зборови кои ги кажа пред да гопрекине разговорот.

Од џебот извади кибрит и со растреперени раце го повлече чкорчето.

Во следниот миг најгорниот кат на зградата одекна во пламен и експлозија...

 

НЕДЕЛА, 1ви МАЈ - ФИНАЛЕ

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!

Dejavu Baner

Bannerprimetime

PvD 300x300

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012