54654

Суперстар диџеј ѕвездата HARDWELL следното лето во Охрид

 

Глобалната суперстар диџеј ѕвезда HARDWELL доаѓа на OHRID CALLING 2017

 

444666677

 

Авалон продукција со задоволство Ви најавува дека глобалната суперстар диџеј ѕвезда Hardwell за прв пат ќе настапи во Македонија, во рамките на фестивалот Ohrid Calling 2017, на 2ри август на стадионот „Билјанини извори“.

Високотиражниот хитмејкер со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи. Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија.

Неговите продуцентски вештини ги обезбедија и најголемите глобални ѕвезди како што се: Rihanna, Coldplay, Ellie Goulding, 30 seconds  To Mars. Покрај популарните ремикси, најголемиот успех на Hardwell му го донесоа неговите хит синглови: „Spaceman“, „Countdown“, „Jumper“, „Apollo“ и многу други. Минатата година излезе и неговиот деби албум со наслов „United We Are“, од кои произлегоа хитовите: „Arcadia“, „Young Again“ и „Sally“.

Во последниве неколку години, Hardwell е официјално најбараниот светски диџеј и продуцент.

Сите информации околу продажбата на билети ќе бидат објавени во средината на јануари.

 

5766588878

 

Dejavu Baner

Bannerprimetime

PvD 300x300

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012