54654

Модните недели од регионот ќе одбираат најталентиран дизајнер

 

Во тек се подготовките за регионален проект поврзан со модата, кој е прв од ваков вид на Балканот и воедно натпревар во кој ќе се вклучат дизајнери од Македонија, Србија, Словенија и Хрватска.

 

Fwd

 

По тројца одбрани дизајнери од четирите земји ќе имаат можност да ја претстават својата работа (4 креации) во рамките на Belgrade Fashion Week (28 март, 2017). Победникот ќе биде награден со презентирање на колекциите на „Fashion Scout“ од 15-19 септември,2017 година во Лондон, за време на London Fashion Week . За победникот на натпреварот учеството, превозот, и сместувањето во Лондон ќе бидат покриени од страна на организаторите.

„ Благодарение на соработката меѓу Fashion weekend Skopje, Belgrade Fashion Week, Ljubljana Fashion Week, fashion.hr и основачот на „Fashion Scout“, Мартин Робертс, одлучивме регионалната модна индустрија заеднички да ја однесеме на повисоко ниво и оттаму се роди идејата за натпревар. Работиме на тоа да создадеме регионален моден центар кој ќе се користи како платформа за промоција преку која ќе се покаже потенцијалот на модната индустрија, како и талентот на дизајнерите од регионот.“, велат организаторите.

За да бидат дел од проектот, кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми :

• Натпреварот е отворен за модни дизајнери на возраст до 33 години или максимум 5 години работа во модниот бизнис

• Да испратат минимум 6 скици – (без ограничување на темата или сезоната за која се наменети креациите но задолжително е да бидат создадени од нова идеја. Стари колекции нема да бидат прифатени)

• Мудборд и опис на колекцијата

• CV, информации и слики од претходните колекции и каде биле претставени почнувајќи од 2012 година • Рокот за аплицирање е 20.02.2017 на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. По пристигнувањето на пријавите, професионалното жири ќе направи селекција врз основа на квалитетот на сработеното и идеите.

 

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012