54654

Миксот на Dj Guardian гo однесе на сцена пред Пол Ван Дајк

 

Skopje City Mall, Pragma продукција и City Radio организраа избор за warm up DJ за журката на Paul Van Dyk на социјалните мрежи.

 

Gardian34355

Една од најголемите диџеј ѕвезди во светски рамки, Пол Ван Дајк во петок доаѓа во Метрополис Арена во Скопје. Овoj настап e дел од неговата голема светска турнеја на која овој добитник на Греми Награда ќе посети светски метрополи меѓу кои и Скопје.

Номинирании беа Dj Branchez, Dj Bobi и Dj Guardian со 3 свои миксови составени од омилените песни на фановите на фејсбук страната на Skopje City Mall, каде фановите преку оставање на лајк на миксовите го одредија победникот.

Dj Guardian со 808 лајкови е победникот во изборот, a зад него се Dj Bobi со 555 лајкови и Dj Brancez со 300 лајкови.

Покрај Dj Guardian, пред журката со големиот Пол Ван Дајк, свој настап ќе имаат и македонците Duoz.

 

Duoz43555

За оние кои што не знаат, DUOZ се музичко, продуцентско, диџеј и ентузијастичко дуо за електронска музика, Горазд и Бојан од Скопје, Македонија. Кога не настапуваат, тие го поминуваат своето време во студио за создавање своја сопствена електронска музика. Нивната љубов кон музиката оди надвор од спектарот на мешање на песни. Како продуцентско и диџеј дуо; тие пронашле многу начини да ги изразат своите емоции преку својата музика. По значајни нивни настапи се: Ohrid Calling warm-up на Nicky Romero, Strumica Open Festival, Pivolend 2016, Vinoskop, Greatest Hits 2016 и многу други ноќни клубови и кафичи.

По Duoz забавата продолжува со победникот, Dj Guardian,  а веднаш по него, Chris Bekker, човекот кој што доаѓа директно од продуцентската куќа на Пол Ван Дајк. 

Стартот на забавата е закажан за 21.00 часот а крајот на журката во раните утрински часови. Истата ќе заврши со македонскиот диџеј кој што чекори кон светот. Галоски е 25 годишниот диџеј и продуцент кој има потпишано изданија за издавачката куќа на Nicky Romero - Protocol Recordings, Flamingo Recordings на Fedde Le Grand, Armada на Armin van Buuren и има поддршка од светски познатите диџеи како David Guetta, Avicii, Hardwell, Nicky Romero, Afrojack и др. Овој петок ќе ја има честа да ја затвори ноќта во Метрополис арена каде што настапува заедно со музичката икона пол Ван Дајк. 

Влезниците за Пол Ван Дајк по цена од 450 денари можете да ги најдете во продажната мрежа на купи карти за се. 

 

* на следниот линк ќе го најдете миксот со кој што Dj Guardian победи на изборот

 

 

Ceca Pomal

16426532 421962608135954 1248849644 N

16426800 10211012443882791 375250880 N

Koncert Boris

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012