54654

Видео порака од Оливер Драгојевиќ и Џибони до македонските фанови

 

Во пресрет на најавениот заеднички концерт, прв и едниствен, двете музички легенди, двете огромни музички имиња од просторите на поранешна Југославија – Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони ја објавуваме заедничката видеопорака наменета за сите нивни македонски фанови:

“Ова е мојот пријател Оливер тој ќе ги поздрави женските, а мене ми остануваат машите... Значи, драги Македонки, драги Македонци додјете на концерт во Арена на 4 март... Така е, бидете дел од нашата фамилија концертот ќе биде одличен. 50 години кариера на Оливер и 30 моја, па кога сето ќе се стави во четири часа тoa ќе биде чудо. Заедно ќе ни биде убаво и ќе пееме заедно”, велат Оливер и Џибони.

 

4E3362E7C6484743A99D4BF444A83A36

Заедничкиот концерт на Оливер и Џибони на кој на македонската публика ќе и го претстават проектот “Фамилија” е закажан за 4 март во Арената Борис Трајковски, а истиот е во организација на Гуливер милс.

“Фамилија” е проект инспириран од нивни животни приказни и случки, а на концертот освен новите теми Оливер и Џибони, прв и засега единствен пат во ваков состав во Скопје, ќе ги отпеат и своите најголеми хитови.

Билетите за концертот се во ограничен број, а истите се продаваат по цена од 900 денари за седење на трибини, 1 000 на мобилни трибини и партер и 1500 денари се ВИП влезниците.

 

 

Pivo Baner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012