54654

Мирослав Илиќ - 45 години јубилеј, 45 години музичка кариера

 

Ве известуваме дека по повод 45 години јубилеј - 45 години музичка кариера на 11 март во Скопје ќе гостува една од најголемите екс ју-фолк легенди – Мирослав Илиќ. Всушност, токму од Скопје и стартува неговата славеничка турнеја која ќе опфати повеќе градови од цела поранешна Југославија.

“Ако ви се игра – играјте; ако ви се пее – пејте; Добредојдовте и живели”, вели Мирослав во поканата за дружба со македонската публика, која во неговите најголеми хитови ќе може да ужива на концертот закажан на 11 март во Метрополис Арената. Станува збор за славенички концерт кој заради поводот – 45 години јубилеј, ќе биде со поразлична концепција и само со места за седење, а влезниците ќе бидат во органичен број.

 

Miroslav3444

 

Предвидено е концертот да трае неколуку часа, со оглед на тоа дека Илиќ ќе има и музичка поддршка од две мошне популарни домашни фолк имиња, а во кои ќе се потсетиме на безвременските хитови од 45-годишната кариера на, како што го нарекуваат, "Славејот од Мрчајевци".

"Божанствено жено", "Лажу да време лечи све", "Волео сам девојку из града", "Поздрави је, поздрави", "Један дан живота", "Зовеш ме на вино", "Теби", “Поломиќу чаше од кристала”... се само дел од темите кои ќе се најдат на репертоарот на човекот кој своите студентски денови ги поминал во Скопје, што е уште еден од поводите зошто токму од кај нас ја стартува својата голема турнеја.

Мирослав Илиќ е роден во Мрчајевци на 10 декември 1950 година, па токму и заради родното село го нарекуваат "Славејот од Мрчајевци". Гимназија завршил во Чачак, а на факултет се запишал во Скопје, токму затоа и за нашиот град го врзуваат еден куп убави спомени и често истакнува дека знае македонски. Кариерата ја почнува во 1972 година со песната "Волео сам девојку из града". Бројката на негови хитови е, се чини, бесконечна зашто меѓу првиот албум "Овом те песмом поздрављам" снимен во 1973 година, па се до последниот издаден неодамна, а со наслов "Волим те неизлечиво", речиси на секои две години издава нови материјали.

 

Ceca Pomal

16426532 421962608135954 1248849644 N

16426800 10211012443882791 375250880 N

Koncert Boris

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012