54654

Електронскиот бенд GUS GUS ќе настапува во сабота на Скопски Саем

Win Music Freedom со огромно задоволство ви го најавува концертот за светски познатиот електронски бенд GUS GUS, на 22 април во петтата хала на „Скопски Саем“. Водени од желбата на македонската публика, да се посведочат најквалитетните музички настани поврзани со електронската музика и клупската култура, овој избор беше сосема логичен.

Gus Gus Photo By Natalie Mayorth

GUS GUS постојат повеќе од 20 години и се уште се водечки електронски бенд кој е жанровски шаренолик, а нивните експериментални звуци секогаш нови и свежи. Нивниот уникатен прогресивен стил измешан со мрачни текстови ги прави неодоливо добри. Формирани се во 1995 година, како филмски колектив за по издавањето на првиот албум да бидат повикани од моќната и независна дискографска куќа 4AD за која и ќе ги издадат албумите Polydistortion, This Is Normal и GusGus vs. T-World. Составот на бендот се менува низ годините, но како р’бер на овој бенд од почеток, па до денес остануваат Birgir Þórarinsson (композитор) и Daniel Ágúst Haraldsson (пејач и текстописец). На нивните последни два албум гостува талентираниот музичар и вокалист Högni Egilsson. GUS GUS во своето уникатно музичко патешествие имаат светски поп хитови и синглови како "David", "Ladyshave", "Need in Me" и "Over". GUS GUS стануваат светски посакуван бенд на највлијателните музички фестивали, секогаш предизвикувајќи млада и нова генерација - следбеници на нивниот звук. Последните два албума се издадени за германскиот бренд Kompakt Records, а во Скопје ни доаѓаат дур трае нивната турнеа за последниот албум Mexiko. GUS GUS се вистински популарни во Македонија и речиси и да не постои радио плеј листа на која не се емитува нивната музика со децении. Во желбата оваа ноќ да ја направиме уште по впечатлива, атмосферата ќе ја загреат миленикот на скопската публика DJ Зоки Бејбе и авангардниот електронски бенд „Кантон 6“ со настап во живо. По настапот на GUS GUS ќе се забавуваме со live извездбата на Mathew Jonson со кого и ќе го дочекаме утрото. Овој голем настан е само уште една најава на уникатната и возбудлива музичка приказна за паметење на Win Music Freedom

 

Gus%20Gus3.

DNK 300x250

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012